Регион
Подарокот од Путин ќе ги летне српските „МиГ“-ови
Српскиот премиер Александар Вучиќ потврди дела од Русија пристигнале акумулатори со коишто трите српски авиона „МиГ-29“ и леталата од флотата „МиГ-21“ повторно ќе може да полетаат, а за оваа донација директно му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин.
„Распишавме тендер, но претседателот на Русија, Владимир Путин инсистираше тоа на ни биде донирано и тоа во саботата навечер пристигна во Белград“, ја пренесоа белградските медиуми изјавата на премиерот Александар Вучиќ дадена во неделата при посетата на полициските единици во Копнената безбедносна зона на југот од Србија.
Вучиќ изрази притоа голема благодарност за Путин за подарокот, истакнувајќи дека благодарејќи на таа донација Србија првпат по долго време ќе има „целосен суверенитет“ на своето небо.
Српскиот премиер беше во посета на жандармериската база во Боровац откако претходно минатата седмица беа регистрирани два оружени инцидента во кои беше убиен еден припадник на српската жандармерија во размена на оган со вооружени дрвокрадци од Косово, а во тој инцидент беше убиен и еден од напаѓачите, Албанец од Косово.
Вучиќ најави дека српската држава ќе обезбеди средства за да го подобри квалитетот на опремата на припадниците на министерството за внатрешни работи во Копнената безбедносна зона кој Косово, како и дела Белград „не може да им дозволи на бандити и криминалните групи да крадат и да пљачкосуваат“ и „вооружени со автомати да ги убиваат припадниците на нејзините безбедносни сили“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.