Регион
Забрана за влез во Хрватска на возила со српски регистарски таблички
Хрватска реагираше на мерката на Србија да го блокира влезот на хрватска стока на сите гранични премини, со тоа што од утрово забрани влез на автомобили и камиони со српски регистарски таблички.
Хрватска реагираше на мерката на Србија да го блокира влезот на хрватска стока на сите гранични премини, со тоа што од утрово забрани влез на автомобили и камиони со српски регистарски таблички.
Хрватскиот одговор на Србија е забрана на патничкиот сообраќај, потврди за Нова ТВ , министерот за внатрешни работи на Хрватска, Ранко Остојиќ.Се работи за забрана за влез во Хрватска на сите лични автомобили и автобуси со спрски регистарски таблички, вели Остојиќ.Неколку камиони од Македонија, во раните утрински часови во четврток го блокираа сообраќајот на влез во Хрватска на граничниот премин Бајаково, јави Танјуг, и пренесува дека хрватските власти од тој премин по полноќ ги враќале возилата и патниците со српски пасоши.Три камиони кои превезуваат стока која се расипала се паркирале на меѓудржавниот простор меѓу Батровци и Бајаково незадоволни од повеќедневното чекање и се закануваат дека стоката ќе ја истоварат во тоа подрачје, а хрватската полиција се обидува да ги тргне.Известувачот за Танјуг, според српски полициски извори јавува дека по примената на српските противмерки оневозможен е влез во Хрватска на сите кои имаат српски пасоши.Неколку возила и автобуси се вратени од граничниот премин Бајаково во Србија, а патниците велат дека не ги пуштиле во Хрватска со образложение дека ни едно српско возило, ниту државјанин не можат да влезат во Хрватска.Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во четврток изјави дека Хрватска нема да ја укине блокадата на граничниот премин Бајаково, откако Србија воведе противмерки, иако тоа било планирано.„Не, нема да ја отвориме границата, јас, планирав, како што реков порано, утре да ги отворам границите, но сега мораме на ова да реагираме“, рече Милановиќ по завршувањето на самитот на ЕУ за бегалската криза.„Што се однесува на ситуацијата со Србија и српската влада, жал ми е. Сè што барав беше дел од бегалците да се праќаат горе на Хоргош, малку да нè растоварат“, рече Милановиќ.Од полноќ стапија на сила српските противмерки на одлуката на Хрватска за товарниот сообраќај да се затворат граничните премини кон Србија, и забранетиот увоз од Хрватска, потврди на полноќ српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, на граничниот премин Батровци-Бајаково.„Сега ја донесоа таа мерка, разговарав за тоа во текот на вечерта со Федерика Могерини. Што точно ќе направиме тоа ќе го каже министерот за внатрешни работи. Значи, нема да има насилство, ниту војна, да се разбереме, сè е мирно, но ова не е нормално однесување“, рече Милановиќ.Додаде дека Вучиќ (српскиот премиер)во телефонски разговор му рекол дека ќе направат сè, а не направи ништо и никој не преминува преку унгарскиот граничен премин Хоргош. /крај/д/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Европската комисија повторно бара истрага за можната употреба на звучен топ на протестите во Белград
Европската комисија уште еднаш ги повика српските власти да спроведат брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводната употреба на звучен топ за време на антивладиниот протест во Белград на 15 март 2025 година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Повикот доаѓа откако европските медиуми повторно го покренаа прашањето, а Политико објави дека српските разузнавачки служби, во соработка со руската ФСБ, тестирале звучни уреди на кучиња во обид да утврдат дали е користено звучно оружје врз демонстрантите.
Во извештајот што српскиот претседател Александар Вучиќ го презентирал, се тврди дека уредите не предизвикале реакции кај животните, па оттука било заклучено дека звучен топ не бил користен на протестот. Руската страна не коментираше за извештајот, пренесе РСЕ.
Во изјавата на Европската комисија се нагласува дека „односите со Русија не можат да продолжат како и досега, особено кога се работи за безбедносни прашања“, и се потсетува дека властите имаат обврска да ги заштитат демонстрантите од повреди и насилство.
Српските власти подоцна признаа дека полицијата поседува звучни уреди, но тврдат дека „никогаш не биле употребени“.
Демонстрантите сведочеле за силни и необични звуци, вибрации и здравствени тегоби по протестот – како вртоглавици, несвестица, покачен притисок и нарушувања на слухот.
Настанот го истражува и Европскиот суд за човекови права.
Фото: ЕПА
Регион
Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr.
Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000.
„Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ.
„Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува пластика, можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ќе заврши во морето во одреден момент“, додаде тој.
Голем дел од влакната што се невидливи за окото доаѓаат и од домаќинствата. И со секое перење на машината за перење, додаваме уште малку. Влегува во организмите на рибите, а потоа и во нашите тела преку храната.
Влијанието врз здравјето, велат научниците, сè уште не е доволно истражено.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ: Не ја напаѓам ЕУ, туку ја штитам Србија, нема да бидеме понижени
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е сигурен дека Србија ќе најде решение и ќе го забрза патот кон ЕУ, додавајќи дека не ги бојкотира членовите на Европскиот парламент, туку дека тие покажале големо непочитување кон земјата.
„Ја повикувам претседателката на Собранието повторно да го отвори дијалогот со невладиниот сектор, да разговараме за сè што е добро за земјата. Секако, не правете го она што директно е во спротивност со интересите на Србија, и тоа е мое барање“, изјави Вучиќ за „ТВ Пинк“.
„Мојот повик до г-ѓа Брнабиќ е да го повтори тој процес, да ги вклучи сите во тој процес“, додаде Вучиќ и нагласи дека се надева дека ќе се најде решение.
Запрашан за европратениците кои рекоа дека доаѓаат во Србија, иако разговорите со српските претставници не беа соодветно најавени, Вучиќ рече дека го бојкотира само Тонино Пицула.
„Ниту нè прашаа дали се добредојдени, ниту ни ги соопштија датумите, ќе беше убаво да прашаа дали претседателот е тука, а пред еден месец го закажаваа тоа. Не направија ништо од тоа, туку рекоа „тогаш ќе стигнеме“, а јас сè се договорив во Давос пред пет месеци“, истакна Вучиќ.
Во исто време, ги праша европратениците зошто не покажаа почит кон неговата земја, додавајќи дека тие, заедно со блокадерите, не сакаат дијалог.
„Ние сме на европскиот пат, но нема да бидеме понижени од некои европратеници, а моја работа е да го спречам тоа“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека е единствениот од регионот што е почестен и дека е најавен на бизнис форумот во Давос на исто ниво како и светските лидери.
„Сите доаѓаат во Давос и сите сакаат да бидат слушнати, а пред сè сакам да слушам и да присуствувам на сите настани што се организираат. Обично само еден претседател е таму цел ден, а тоа сум јас, од рано наутро до вечер, бидејќи немаме пари да плаќаме за скапи хотели. Се наоѓаме на околу 20 километри од центарот на настанот“, рече Вучиќ.

