Скопје
Стотина Роми протестираат поради уривањето на нивните бараки под Кале
Стотина жители од ромското маало под Кале, чии импровизирани живеалишта беа урнати пред неколку дена, излегоа на протест пред просториите на Град Скопје за да побараат решавање на проблемот со нивното домување.
Нивни претставници влегоа да разговараат со градските власти за изнаоѓање заедничко решение.Уривањето на десетици импровизирани домови на малата ромска заедница беше направено на први август, во заедничка акција на Град Скопје и Министерството за труд и социјална политика. Ромите од ова маало по втор пат остануваат под отворено небо. Тие и во февруари годинава протестираа пред Владата против уривањето на нивните импровизирани куќи барајќи помош од институциите.Од Град Скопје појаснуваат дека земјиштето било приватно, а во неколку наврати ги предупредувале жителите да ја напуштат локацијата бидејќи нивното засолниште е нелегално.Се работи за релативно млади луѓе кои имаат и по повеќе деца. Велат дека денеска не заминале ни на работа, седат да го чуваат она малку што им останало. Се жалаат дека немаат струја и вода, дека децата немаат со што да ги избањаат, а се плашат и од ширење заразни болести.Го повикаа градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски да разговара со нив, затоа што, велат, „и тие се луѓе“.„Нека ни го решат стамбеното прашање. Нека ни дадат и на нас станови, како што им даваат на оние што веќе имаат. Што сме ние?“ прашува една млада мајка.Тие седат под сенките на дрвјата во Градскиот парк, пред канцелариите на Град Скопје, и чекаат да го слушнат исхопот од средбата на нивните претставници со градските власт. Се надеваат дека нивниот проблем ќе биде решен./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен
„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје. На градскиот буџет гледам како на сопствениот.
Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе. И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните“, кажа Ѓорѓиевски.

