Црна хроника
Ограбен стан во Аеродром
Пари и златен накит во вредност од околу 210 илјади денари биле украдени во четврток од стан од скопската населба Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кражбата се случила во стан на булеварот „Јане Сандански” во сопственост на 40-годишниот К.Б..
Сторителот со употреба на погоден алат ја разбил вратата и влегол во станот од каде што украл две илјади денари и разновиден златен накит, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 210 илјади денари.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возачи од Гостивар и Скопје удрија во бетонски столбови, двајцата се хоспитализирани со тешки повреди
Двајца возачи од Гостивар и Скопје доживеале сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден, удирајќи во бетонски столбови.
Првата несреќа се случила околу 7 часот вчераутро на патот Гостивар-село Градец, кога 51 годишна жена од Дебреше, по претходно пролизгување на патот, удрила во бетонски столб. Таа се здобила со тешки повреди констатирани во Ургентниот центар Гостивар.
Два часа подоцна, во полицијта било пријавено дека и на автопатот Скопје-Велес дошло до слична незгода, кога „мерцедес“ управуван од 46-годишен скопјанец изгубил контрола и удрил во жичена ограда, а потоа и во бетонски столб.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид во двете несреќи.
АМСМ вчера соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките места.
Црна хроника
Уште двајца пешаци удрени од автомобили во Богданци и Гостивар
Tри сообраќајани незгоди во кои тешко повредени се пешаци се случија во текот на вчерашниот ден во Македонија.
На улицата „Маршал Тито“ во Богданци, автомобил управуван од 21-годишниот А.П. од селото Ѓавато, гевгелиско, удрило во пешакот Т.И.(25) од Богданци, кој се здобил со тешки повреди.
Пешак е тешко повреден во текот на вчерашниот ден и во Гостивар. Несреќата се случила на улицата „Живко Брајкоски“ во градот кога „ауди“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.К.(27) од Гостивар, удрило во пешакот Е.С.(63) од овој град.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а за настанот бил известен јавен обвинител и извршен е увид.
Автомобил вчера удри во пешак на улицата „Партизански одреди“ во Скопје.
Топ
Четири автомобили се судрија на патот кон Крива Паланка, тројца од возачите се тешко повредени
Судир на четири автомобили се случи вчераа на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, пришто тројца возачи се здобија со тешки повреди, а четворица сопатници поминаа полесно.
Според информациите од МВР, во несреќата учествувале „Опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувана од Т.И. (64) од Крива Паланка, „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.К. (36) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, „Форд куга“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.П.(60) од Скопје и возило „Волво” со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.Т. (31) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди констатирани од лекар од Општата болница Куманово се здобиле возачите Т.И., А.К. Б.Н.Т, додека пак сопатниците С.С., А.К., С.К. и А.К. се здобиле со телесни повреди.
Извршен е увид.