Црна хроника
Фатени четворица скопски дилери
Четворица дилери од Скопје се фатени со дрога и против нив се поднесени кривични пријави.
Во првиот случај поднесена е кривична пријава против две лица во врска со заплена на 3,4 гр. Метилен – диоксиметамфетамин (МДМА).
Во населба Чаир приведен Д.Н.(22) при обид за реализирање на купопродажен договор. Од страна на полициски службеници бил извршен преглед кај истиот и во дланката на десната рака пронајдена била една таблета во кружна форма со портокалова боја и втиснато лого во форма на „дијамант“, а наркотичната дрога ја набавил од лицето С.М.(22) за неутврдена цена.
Во вториот случај поднесена е кривична пријава против лицата А.Ф.(45) и М.Д.(33), двајцата од Скопје.
Во текот на месец март 2014 година М.Д. од првопријавениот А.Ф. по претходен договор набавил наркотична дрога кокаин во количина од две полиетиленски пакувања со нето маса од 0,71 грама по цена од 4.000 денари, со цел наркотичната дрога кокаин да ја препакува во помали полиетиленски пакувања за понатамошна продажба и стекнување на противправна имотна корист. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Жена падна во автобус и тешко се повреди
Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково.
По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

