Црна хроника
Граната најдена спротив телевизијата Skai во Атина

Граната е пронајдена во саботата претпладне пред зградата на телевизијата Skai во грчката престолнина Атина, којашто подоцна е подигната од припадниците на антитерористичките единици, јави телевизијата.
Граната е пронајдена во саботата претпладне пред зградата на телевизијата Skai во грчката престолнина Атина, којашто подоцна е подигната од припадниците на антитерористичките единици, јави телевизијата.
Засега нема информации дали станува збор за боева граната или имитација. Гранатата била поставена под автомобил паркиран во дворот на зградата на телевизијата, а била забележана кога возилото заминувало.
Местото на инцидентот било евакуиран, и пребарувано е од припадниците на антитерористичкиот и од одделот за уништување експлозиви.
Ова не е првпат оваа грчка телевизија да е цел на бомбашки напад. Во јули 2012 година, досега неоткриени напаѓачи во дворот на медиумот фрлија граната којашто за среќа не експлодираше./крај/мф/сн
Извор: Skai
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработена во основно училиште во Гази Баба истепана од ученик

Вчера во 12.45 часот во СВР Скопје, 45-годишната С.Р. од Скопје, вработена во основно училиште, пријавила дека околу 08.40 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од ученик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетник од Кочани споделувал експлицитни снимки од малолетничка на интернет: во полиција пријавила нејзината мајка

Вчера во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возило излета од регионалниот пат Валандово – Струмица: во несреќата тешко повредена девојка

Вчера во 22.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово- Струмица, на делницата од крстосницата за село Куклиш, струмичко, до крстосницата за село Раборци, струмичко, патничко возило „фолксваген поло“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната В.К. од село Собри, валандовско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.П.(24) од с.Собри, валандовско, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.