Европа
Вооружен напаѓач рани три лица во возот Амстердам – Париз, совладан од патници

Вооружен маж рани во петокот три лица, од кои три тешко, во брзиот воз „Thalys“ на релацијата меѓу Амстердам и Париз, а американскиот претседател Барак Обама им честиташе на „храброста и брзото размислување“ на патниците кои го совладаа напаѓачот, меѓу кои биле и американски војници.
Вооружениот маж рани три лица, меѓу кои и францускиот актер Жан-Иго Англад, еден Британец и американски маринец, по што беше совладан од патниците, меѓу кои и бил и ранетиот маринец. Напаѓачот беше уапсен од полицијата кога возот запрел на станицата во Арас, во северна Франција, пренесе Reuters.
Според локалните медиуми, станува збор за 26-годишен Мароканец, идентификуван како Ајуб ал-Казани кој наводно од претходно им бил познат на француските тајни служби, а бил вооружен со автоматска пушка „калашников“ и со нож, според AFP. Безбедносни извори додале дека тој бил регистриран како лице кое престојувало во Сирија, а посетувал во Шпанија проповеди на радикални свештеници.
Портпаролот на француската државна железница SNCF потврди дека напаѓачот поседувал огнено и студено оружје со кои тешко ранил две, а полесно едно лице. Според BBC, едно од тешко ранетите лица е повредено со нож, а другото со истрел од автоматот.
„Мажот отворил оган во возот Thalys меѓу Амстердам и Париз… Да се зборува за терористички мотив засега би било прерано“, изјави за телевизијата BFM-TV, портпаролот на француското министерство за внатрешни работи Пјер Анри Бранде.
Министерот за внатрешни работ на Франција, Бернар Казенев, пак, изјави во саботата дека инцидентот го истражуваат француските антитерористички иследници, како и дека на случајот, „како што и секогаш кога станува збор за сомневања во терористички напад, ќе му биде пријдено со најголема сериозност“.
„Претседателот (Барак Обама) изрази голема благодарноста на храброста и брзината на размислување на неколкутемина патници, вклучително и припадниците на американската војска, коишто несебично го оневозможија напаѓачот. Јасно е дека нивната храбра акција спречила многу поголема трагедија3, објави Белата куќа во соопштение.
Осомничениот цела ноќ бил испрашуван во полицискиот комесаријат во градот Арас, а во саботата треба да биде превезен во Главната управа за внатрешна безбедност, чие седиште е во близина на француската престолнина Париз. Според француските закони за антитероризам, тој може да биде држен во прелиминарен притвор до 96 часови, а потоа мора против него да биде подигнато обвинение./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“