Црна хроника
Езерската полиција информираше за своите активности
Четириесет и седум рибарски мрежи во вкупна должина од 2350 метри, триесет килограми разна риба и стотина примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од почетокот на минатиот месец до сега.
Согласно законот за рибарство и аквакултура, против пет лица поднесени се прекршочни пријави и две кривични пријави за незаконит риболов.
Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно девет прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Против шест лица поднесени се прекршочни пријави за управување скутери на Охридското езеро без пловидбени дозволи, без уверение за управување со пловен објект и управување скутери спротивно на владината одлука за ограничена пловидба на чамци и скутери на природните езера во Република Македонија.
Од први јули заради поголема безбедност во пловидбата и на капачите, заштита на животната средина како и намалување на рибокрадството стапи на сила ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македо- нија. Забраната за движење на скутери е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена најдена почината во стан во Скопје кадешто живеела под кирија
Четириесет и тригодишна жена вчера била најдена почината во Гази Баба.
Според информациитее од МВР, таа живеела како потстанар во станот во кој ја нашле.
Од лекар на Итната медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид, а телото на починатата е дадено на обдукција.
Црна хроника
Скопјанки се тепале пред продавница во Ѓорче
Две жени се степале пред продавница во Ѓорче Петров, во текот на вчерашниот ден, објави МВР.
„На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11.40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје“, се вели во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Со автомобил удрена 66-годишна жена во Тетово, возачот побегнал
Автомобил удри во 66-годишна жена во Тетово, по што возачот побегнал од местото.
Сообраќајната несреќа, според информациите од МВР, се случила вчера на улицата Борис Кидрич.
„Патничко возило удрило во Г.Ј.(66) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот“, велат од полицијата.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.