Компании
Значително учество на Пивара Скопје во успехот на Coca-Cola HBC
Со годишна продажба од две милијарди единечни пакувања безалкохолни пијалаци на 589 милиони потрошувачи во 28 држави, Coca-Cola HBC корпорацијата, каде припаѓа и Пивара Скопје АД, се зацврсти на второто место во светот меѓу производителите на пијалаци од портфолиото на Coca-Cola.
Ова го покажува најновиот интегрален извештај на Coca-Cola HBC за 2014-та година, кој за првпат ги обединува податоците за перформансите на корпорацијата во сите сегменти на бизнисот, лидерството и влијанието врз животната средина.
„Свесни сме дека нашиот успех е тесно поврзан со виталноста и добросостојбата на нашите потрошувачи и заедниците во кои сме присутни. Повеќе од 10 години, во континуитет го подобруваме пристапот на одговорно и одржливо управување на нашите деловни активности, обезбедувајќи доверба преку создавање вредност за сите засегнати страни. Оваа вредност сѐ повеќе е детерминирана од фактори како што се општествената одговорност и грижата за животната средина, инвестиции во развој на човечки ресурси, активно вклучување на засегнатите страни. Сите овие активности дополнително придонесуваат кон нашиот деловен успех“, изјави Димитрис Лоис, главен извршен директор на Coca-Cola HBC.
Покрај значителните успеси на полето на бизнисот во 2014, корпорацијата покажа и забележителни перформанси во иницијативите за одржливост кои беа фокусирани на три клучни области: промоција на здравјето и благосостојбата на луѓето, намалување на влијанието на животната средина и поддршка на локалните заедници.
Меѓу останатото, минатата година инвестирани се 5,8 милиони евра во проекти што овозможија заштеда на над 1,1 милијарди кубни метри вода. Во рамки на оваа заштеда значајно е учеството и на постројката за био-третман на вода во Пивара Скопје.
Дополнително, најголемиот македонски производител на безалкохолни пијалаци и пиво, учествуваше и во програмите за заштедата на енергија во кои минатата година се вложени 4,3 милиони евра. Со набавка пак на нови ладилници кои не користат гасови што ја загадуваат околината, Пивара Скопје придонесе за оствареното реално намалување на емисија на т.н.стакленички гасови во атмосферата за 7,8% во однос на 2013-та.
Дополнително, Пивара Скопје учествуваше и во вкупната инвестиција на Coca-Cola HBC од 8,7 милиони евра во реализација на проекти значајни за локалните заедници.За својата посветенoст во реализација на ваков вид проекти, Пивара Скопје ја доби и националната награда за здравје и безбедност при работа за 2014-та година.
„Особено сме горди што инвестираме во проекти кои се значајни за луѓето и заедницата на која и припаѓаме. Низ нашата програма за едукација и обука досега поминаа над 3.300 млади луѓе од земјава, а преку Cola-Cola купот обезбедивменад 1.500 ученици да ги почувствуваат придобивките од активниот и здрав животен стил. Дополнителни 700 ученици ги вклучивме и во нашата програма за здравје и безбедност. Ова е само дел од нашиот реален придонес кон ширењето среќа како глобална мисија на Coca-Cola, но и одличен параметар за тоа како ние го разбираме нашиот компаниски успех и на што го темелиме нашиот развој во иднина“, вели генералниот директор на Пивара Скопје, Александар Ружевиќ.
Coca-Cola HBC неодамнабешепрогласеназа најдобра во светот меѓу компаниите за производство на пијалаци за 2014-та година од страна на „Дау Џонс индексите за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Indices). Истовремено, Пивара Скопје втора година по ред ја добива наградата за квалитет и одржлив развој, што е највисоко поединечно достигнување во оваа област во Coca-Cola системот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.



Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.
„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.



Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.



Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.
(ПР)
Економија
„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари
Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.
Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.
Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.
Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.
Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.
Економија
Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“
Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.
Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.
Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.
Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.
Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.
„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.
Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.
Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.
(ПР)

