Црна хроника
Битолчанец опожарил парцела и објекти и предизвикал штета од 500 евра

Седумдесет итригодишен старец од Битола предизвикал пожар со кој биле зафатени земјоделслка працела и два објекта со што причинил материјална штета од 500 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил на 22-ри минатиот месец во 10 часот на ул. „Апостол Здравевски” кај месноста викана Буковски Мост. В.Г. предизвикал пожар на земјоделска парцела негова сопственост, при што биле зафатени помошна просторија, сопственост на лице од Битола и мобилен тоалет при што предизвикал материјална штета од околу 30.000 денари.
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Г.од село Буково за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетничка од Чашка повредена во сообраќајна несреќа

Вчера во 18.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од улицата „Илинденска“ со улицата „Коста Рацин“ во општина Чашка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(66) од Велес и електричен тротинет, управуван од малолетничка од Чашка.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист: сообраќајна незгода на магистралниот пат Струмица – Радовиш

Вчера вечер во 21.45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на „Градашорска крстосница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.У.(34) од Велес, а со престој во Струмица, и мотоцикл „јамаха“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од И.В.(53) од Радовиш.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
Црна хроника
Со секира се обидел да ја нападне сестра си: кривична против 23-годишник од Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против 23-годишниот Б.С. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неизвршување на судска одлука“.
На 10.04.2025 во Штип, пријавениот со секира оштетил врата во семејниот дом, обидувајќи се физички да ја нападне неговата сестра, а притоа постапил и спротивно на решение од Основен суд Штип.