Регион
Бугарка го претепала сопругот и го исфрлила од дома

Бугарката Веселинка Надрлјански со привремен престој во Бар, Црна Гора, е уапсена откако брутално го претепала и исфрлила од дома својот сопруг Александар, нанесувајќи му тешки телесни повреди, пишува весникот Дневне новине.
Случајот бил пријавен во полицијата во Бар откако повредениот осумдесет ипетгодишен сопруг бил згрижен во Итната служба, од каде поради сериозноста на повредите бил префрлен во Општата болница во Бар.Според сознанијата на дневниот весник од полицијата, овој невообичаен инцидент се случил во населбата Шушањ, откако сопружниците почнале да се расправаат, а потоа расправијата преминала во тепачка.Александар наводно ѝ раскажал на полицијата дека 40 години помладата сопруга го нападнале без причина и дека повеќе пати го удрила со тупаници во пределот на главата и телото, по што го исфрлила од куќата.Претепаниот маж по неколку часа се вратил во куќата, во којашто живеел со сопругата, но таа следниот ден повторно го исфрлила на улица, кога соседите го однеле во Брза помош.Овој случај е еден од оние коишто потврдуваат дека во последно време во семејното насилство не се секогаш жртви жените и децата.Во прилог на тоа тврдење одат податоците до кои дошол црногорскиот весник, дека во Црна Гора бројот на кривичните пријави во коишто мажите се жртви на насилство во последните три години варира од 35 до 50 на годишно ниво./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.