Регион
Еден убиен и над 290 уапсени во рација на турската полиција против IS и PKK
Еден осомничен е убиен а повеќе од 290 лица се уапсени во големата рација на турската полиција насочена против осомничени припадници на џихадистичката организација Исламска држава (IS) и забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) спроведена во петокот, пренесуваат во саботата турските медиуми.
Во операцијата во којашто низ цела Турција биле ангажирани илјадници полицајци со хеликоптерска поддршка биле извршен претреси и апсења во 16 турски покраина во потрага по членови на Исламската држава и Работничката партија на Курдистан, кои се на листата терористички организации на официјална Анкара, во операцијата којашто започна во раните утрински часови во петокот, објави премиерот Ахмет Давутоглу истакнувајќи дека се уапсени 297 милитанти, кои се припадници и на други илегални екстремни групи и организации покрај споменатите.
Давутоглу ја потврди информацијата од петокот дека во рацијата во истанбулскиот кварт Багчилар е застрелан припадник на забранетата крајно левичарска Револуционерна народна ослободителна партија-фронт (DHKP-C), кој давал отпор при апсењето и притоа отворил оган врз полицајците.
Во западните покраини Измир и Бурса, уапсени се вкупно 16 осомничени милитанти од Работничката партија на Курдистан, пренесе приватната агенција Dogan. Во поркаината Аланија, пак, биле уапсени најмалку две лица од кои еден тинејџер, под сомнение дека се членови на PKK.
Според агенцијата, речиси 5.000 полицајци биле вклучени во рациите извршени на 140 локации во Истанбул, во кои се уапсени најмалку 90 лица, од кои 37 се странски државјани.
Во соопштението што го објави кабинетот на турскиот премиер се потенцира дека тој е решен да се справи со Исламската држава и другите милитантни групи.
Давутоглу потсетувајќи на самоубиствениот бомбашки напад од понеделникот 20-ти јули кога во градот Суруч беа убиени 32 лица, во покраината Шанлиуфра која граничи со Сирија, кој го изврши припадник на Исламската држава тврди дека атентатот се „експлоатира од стана на Работничката партија на Курдистан , како и од маргиналните левичарски терористички организации“.
„Како и во минатото, и денес државата Република Турција е одлучна во својата повеќенасочна борба против трористичките организации Исламска држава и Работничката партија на Курдистан и другите меѓународни терористички организации.. Се преземаат сите мерки за да се обезбеди мирот и безбедноста во нашата земја“, порача Давутоглу.
Додавајќи дека ќе се бори против сите терористички групи „без разлика“, во соопштението на турскиот премиер вели дека симултаните операции се поврзани со „нелегалните демонстрации одржани по инструкции на организации“ и „вооружени напади врз безбедносните сили, што доведе до загинување на пет безбедносни офицери“.
Станува збор за случаите кога двајца полицајци беа пронајдени мртви во југоисточна Турција, во близина на границата со Сирија во средата, за што Анкара го обвинува военото крило на PKK коешто наводно се одмаздувало за бомбашкиот напад во Суруч во кој цел на џихадистите беа курдски активисти кои се подготвуваа да заминат за обнова на Кобане, курдски град во Сирија кој беше разорен од повеќемесечната офанзива на Исламската држава. Друг полицаец беше убиен во југоисточната покраина Дијарберкир, а двајца војници настрадаа во напад на џихадистите врз воен пограничен пункт на границата со Сирија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Ние сме големи губитници, изгубивме инвестиција од 750 милиони евра
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментира за актуелните теми вклучувајќи ја и веста дека компанијата на зетот на претседателот на САД, Доналд Трамп, Џаред Кушнер, одлучила да се повлече од проектот за изградба на луксузен хотелски и станбен комплекс, планиран на местото на бомбардираниот Генералштаб во центарот на Белград.
„Сè што се случи во врска со Генералштабот, се гордеам со сите што учествуваа во обидот да се донесе толку голем инвеститор, а со кампањата и ловот што се водеше против инвеститорот успеавме да го уништиме сето тоа“, рече Вучиќ, објави „Телеграф“.
Тој рече дека се чини оти „е потребно да се оцрни сè, да се уништи Србија, да се остави без инвеститори, струја и плати“.
„Оваа приказна денес станува само афера, како држава и народ сме големи губитници, изгубивме инвестиција од 750 милиони евра, а блокадите ни предизвикаа штета од вкупно една и пол милијарда. Штетата предизвикана на Србија е огромна. Сега ќе имаме срушена зграда од која паѓаат тули, а никој веќе нема да ја допре“, рече тој.
Тој се осврна и на Обвинителството за организиран криминал во Србија, кое вчера поднесе обвинение против министерот за култура Никола Селаковиќ и уште три лица за злоупотреба на службената должност и фалсификување документи во врска со овој луксузен проект за недвижности.
„Ние Србите сме мајстори за пропуштени можности, само за да му умре кравата на нашиот сосед на кој било начин. Јас лично ќе поднесам кривични пријави против сите што учествуваа во оваа потера и уништување на инвестицијата, и од Обвинителството и од полицијата“, најави тој.
Вучиќ нагласи дека „како одговорен човек, жал му е што изгубиле инвестиција од 750 милиони евра“ и дека сега „некој измислен проект во Албанија ќе го привлече целото внимание на светот“. Вучиќ истакна дека во соопштението од компанијата на Кушнер се наведува оти се повлекуваат од проектот „за да не се подели народот“.
„Што очекувавте луѓето да напишат? Дали очекувавте: „Се повлекуваме затоа што таму има идиоти што не сакаат инвестиција од 750 милиони евра и кои уживаат гледајќи како урнати згради пред 26 години остануваат такви и во следните 100 години? Дали очекувавте да кажат дека таму има идиоти што не сакаат американски инвестиции? Секако дека не“, рече Вучиќ.
„Тие логично рекоа: ‘Очекувавме сите да ни бидат благодарни, очекувавме тоа да ги обедини луѓето, луѓето да бидат ентузијастични. Но, таму, знаете, има некои што не се ентузијастични, туку, напротив, читаат меѓу редови, некои што не разбираат што е држава, што е народ или кои се интересите на граѓаните на Србија и беа против тоа“, додаде Вучиќ.
За потсетување, на почетокот на годината беше објавено дека инвестициската компанија „Афинити партнерс“, кооснована од Кушнер и милијардерот од Обединетите Арапски Емирати, Мохамед Алабар, планирала да изгради луксузен хотелски и станбен комплекс „Трамп“ на местото на Генералниот штаб на поранешната Југословенска народна армија, уништен во бомбардирањето на НАТО во 1999 година.
Од минатата година српската јавност расправа за правната основа за отстапување на просторот на тешко оштетениот Генералштаб, кој има статус на културно богатство, на странска компанија.
Инсистирајќи на тврдењето дека овој проект е во интерес на државата и нејзиниот главен град, што особено го туркаше Вучиќ, владејачката партија во српскиот парламент донесе посебен закон со кој се дозволува градење во населба чии делови имаат статус на заштитено културно добро поради нивната архитектонска вредност.
По донесувањето на овој закон, следуваше афера со фалсификување на одлуката во Републичкиот завод за заштита на спомениците за бришење на зградите на поранешниот Генералштаб и Министерството за одбрана од регистарот на недвижни културни добра.
фото/депозитфотос
Регион
Српскиот министер за култура фалсификувал документи за луксузниот проект на зетот на Трамп
Српското обвинителство за организиран криминал вчера поведе обвинение против министерот за култура Никола Селаковиќ и уште тројца за злоупотреба на службената должност и фалсификување документи во врска со проект за луксузни недвижности поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Еј-би-си њуз“.
Истрагата се фокусира на контроверзната реконструкција на срушениот воен комплекс во центарот на Белград, Генералштабот, кој беше заштитено место на културното наследство, а сега е предвидено за изградба на луксузен комплекс. Селаковиќ, близок соработник на претседателот Александар Вучиќ, и другите обвинети се теретат за нелегално одземање на заштитениот статус на локацијата со фалсификување документи.
Српската влада потпиша договор за закуп на 99 години со американската компанија „Афинити глобал девелопмент“, која е поврзана со Кушнер. Кушнер во тоа време потврди дека неговата компанија планира да го финансира проектот од 500 милиони долари, кој би вклучувал облакодер со хотел, луксузни станови, канцелариски простор и продавници. Сè уште не е познато кога би можело да почне судењето.
Владата го поддржува проектот и покрај истрагата
Предлогот за изградба на местото на поранешниот Генералштаб има силна поддршка од владата на Вучиќ, но се соочи со жесток отпор од експерти во Србија и странство, како и од пошироката јавност. Минатиот месец српскиот парламент донесе посебен закон со кој се отвора патот за изградба и покрај тековната истрага.
Претседателот Вучиќ изјави дека проектот е добар за односите на Србија со САД и дека ќе го помилува секој што е осуден во случајот. „Јас сум виновен“, рече тој неодамна. „Јас сум оној што сакаше да ја модернизира Србија. Јас сум оној што сакаше да привлече голем инвеститор“.
Симбол на отпор кон НАТО
Критичарите истакнуваат дека зградата е архитектонски споменик, кој се смета за симбол на отпор кон бомбардирањето на НАТО, што сè уште се смета за неправедна агресија во Србија. Србија беше бомбардирана 78 дена во 1999 година за да се принуди тогашниот претседател Слободан Милошевиќ да ја прекине репресијата врз Албанците во Косово.
Анти-НАТО расположението останува силно, што ја прави улогата на американската компанија во пренамената на воените згради особено чувствително прашање за многумина во Србија. Срушените згради се сметаат за врвни примери на архитектурата од средината на 20 век во поранешна Југославија, пишува „Еј-би-си њуз“.
Регион
Маж ја избол до смрт партнерката на улица во Србија
Страшно злосторство го потресе вчера Лесковац во Србија, каде што 64-годишен маж, Р.Д., е осомничен дека ја избол до смрт својата 53-годишна партнерка. Убиството, како што соопшти Полициската управа во Лесковац, се случило околу 16:30 часот, пишува Н1 Србија.
Според полицијата, жената починала на местото на настанот од повеќекратни убодни рани. Припадници на Министерството за внатрешни работи брзо интервенирале и го уапсиле осомничениот кратко време по злосторството.
Истрагата е во тек
Р. Д. е обвинет за кривично дело убиство. Со наредба на Вишиот јавен обвинител, му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде донесен на распит во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава.

