Политика
Јакимовски: Шпионите прво се апсат, па се води истрага
Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, не ја слушнал изјавата која била пуштена од лидерот на СДСМ Зоран Заев за него, но смета дека снимките „кои на криминален начин ги поседува претседателот на СДСМ“, треба да се расчистат во судот околу тоа дали во нив има автентичност или нема.
Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, не ја слушнал изјавата која била пуштена од лидерот на СДСМ Зоран Заев за него, но смета дека снимките „кои на криминален начин ги поседува претседателот на СДСМ“, треба да се расчистат во судот околу тоа дали во нив има автентичност или нема.
По повод „бомбата број 8“, односно трибината на опозициската СДСМ, во која беше пуштена снимка од наводен разговор на првиот човек на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ Стевчо Јакимовски, тој во среда рече дека Заев во изминатите шест месеци, го држи граѓанството на Македонија под тензија со наводните неговите поседувања на снимки со кои ќе објави тежок криминал на владејачката гарнитура.
„Поточно, станува збор за најавите за тоа како се украдени пари во оваа држава, со снимки со кои ќе објави податоци за убиствата кај Смилковско езеро, и и за тоа како во оваа држава се украдени фамозните 150.000 гласови. Колку што слушам,изјави на денешната прес конференција Јакимовски, вчерашното „риалити шоу“ доживеало фијаско и колку што успеав да дознам, објавувани се снимки со некои наводно мои разговори со директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање“, рече Јакимовски.
„Сметам дека господинот Зоран Заев оваа приказна ја започна со тезата дека тој и опозицијата се прислушувани од страна на власта, а досега освен неговиот разговор со ќерка му, ние не видовме ниту еден разговор на господинот Зоран Заев. А да потсетам, тој исто така е власт и тоа во локалната самоуправа, и оттаму, не само граѓаните на Струмица, туку и сите имаат право да знаат за каков владател станува збор“, додаде јакимовски.
Тој му дава дозвола и овластување да го објави разговорот воден меѓу него и Заев на 14 февруари 2013 година, во 14.40 часот и исто така да ја објави пораката што му ја упатил во 01.30 часот по полноќ на 17 февруари, веднаш по неговата кандидатура за градоначалник на Карпош.
„Првенствено заради тоа Социјалдемократскиот сојуз да види за каков лидер станува збор. Она што мислам е, дека конечно, треба со оваа фарса да се привршува. Секаде во светот шпионите прво се апсат па потоа се води истрага. Ова премногу долго трае и сметаме дека надлежните судските органи во Република Македонија конечно треба да ги преземат чекорите кои треба, за целиот циркус што го прави господинот Заев конечно да заврши и да има институционална разрешница“, додаде Јакимовски.
Смета дека народот треба да го слушне и гласот на Заев, односно како тој се однесува во приватни разговори и како ги ословува другите етнички заедници во Македонија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.
Македонија
Џафери за Велигден: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, испрати телеграма со честитки за најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, до православните верници и до сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
„Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит.
Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Северна Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија“, стои во честитката од премиерот Џафери до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.