Европа
Австрија подигна обвинение против непознат сторител за шпионажа, тензии во владата на Меркел

Австрија поднесе тужба против непознат сторители и бара од Германија образложение по написите во медиумите дека во полза и по налог на САД нејзините функционери ги шпионирала германската разузнавачка служба BND.
Пред државното обвинителство во Виена во вторникот е поднесена тужба поради „шпионирање на штета на Австрија“, изјавила за агенцијата APA, министерката за внатрешни работи Јохана Микл-Лејтнер.
Германските медиуми од минатата седмица пишуваат повикувајќи се на доверливи документи кои ја обвинуваат германската разузнавачка служба BND дека во полза на американската разузнавачка Агенција за национална безбедност (NSA) шпионирала европски компании, дека ги следела комуникациите на европските функционери и на Европската унија, како и на француското министерство за надворешни работи и кабинетот на претседателот на Франција, односно Елисејската палата. Притоа, во еден од написите на германскиот весник Bild се споменува и шпионирањето на австриски функционери.
Австрија бара „исцрпни појаснувања“ од својот голем и влијателен сосед, и во таа цел ќе ги употреби и „дипломатските средства“, истакнува Микл-Лејтнер. „Двата начина се важни и исправни“, додава министерката.
Споменатите откривања за шпионирањето на германското разузнавања поттикнаа во вторникот и тензии во коалициската влада во Берлин, каде што социјалдемократите од SPD првпат јавно го поставија прашањето за улогата на канцеларката Ангела Меркел. Претседателот на SDP и воедно министер за економија, Зигмар Габриел, кој не се огласуваше досега од крајот на април откако беа објавени првите информации за оваа афера, потврди за медиумите дека двапати ѝ го поставил на канцеларката прашањето за случајот.
„Ова што во моментов ни се случува е афера, скандал во кој се вмешани тајните служби и кој може да предизвика многу голем потрес“, изјави Габриел во понеделникот во седиште на SPD во Берлин. Габриел, кој истовремено е и вицеканцелар во ткн голема коалиција во која мнозински партнер е христијанско-демократската унија CDU/CSU на Меркел./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.