Црна хроника
Пушка и револвер пронајдени кај дваесетгодишник од струшко
Полуавтоматка пушка и револвер биле пронајдени во домот на дваесетгодишник во струшкото село Горно Татеши, соопшти СВР Охрид.
На 24- ти јули оваа година, при претрес во домот на Ф.Б. (20), полициските инспектори пронашле една полуавтоматска пушка со бајонет сокриена во спалната соба и еден оптички нишан марка „Гамо“. Дополнително, во платнена зелена торба од заштитна маска бил пронајден и еден револвер марка „Екол Випер“ калибар девет милиметри, два држачи за куршуми и една празна рамка за полуавтоматска пушка.
Против Ф.Д. е поднесена кривична пријава за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.