Компании
Вип ја проширува својата 4G LTE мрежа
Вип оператор продолжува со своите активности за надградба на квалитетот и капацитетот на својата мрежа. Една година по пуштањето на својата 4G LTE мрежа, покрај досегашната покриеност во 15 градови во Македонија, отсега новата 4G LTE ќе можат да ја користат и корисниците на Вип од Крушево, Неготино, Берово, Виница, Пробиштип, Св. Николе, Ресен, Делчево, Дебар и Радовиш.
Со најновите инвестиции, Вип оператор обезбеди покриеност со 4G LTE мрежа во урбаните области од над 80%. Покриеноста на ниво на вкупно население во Македонија достигна до 60 отсто. Со новата 4G LTE мрежа, преку своите мобилни уреди, корисниците ќе добијат брзини кои се 10 пати поголеми од оние кај 3G мрежата.„Квалитетна услуга и достапност до најновите технолошки достигнувања за нашите корисници беше и останува наш врвен приоритет. Инвестициите во проширување на 4G LTE мрежата јасно го потврдуваат тоа, а дополнителна потврда е и фактот што далеку пред законскиот рок Вип оператор ги пресретна и надмина обврските предвидени во Одобрението за 4G LTE. Тоа на нашите корисници ќе им донесе супериорно корисничко искуство и неприкосновен квалитет“, изјави Никола Љушев, извршен директор на Вип.Вип оператор уште при лансирањето на напредната 4G LTE мрежа им овозможи на корисниците бесплатна замена на постојните СИМ картички со нови 4G LTE микро УСИМ картички кои може да се добијат во сите Вип салони. Дополнително, постпејд корисниците кои имаат соодветни терминални уреди што овозможуват 4G LTE и микро УСИМ картички, можат да користат и супер брз 4G интернет, во зависност од тарифниот модел. Покрај инвестициите во проширување на 4G LTE, Вип оператор продолжува и со инвестициите во 2G и 3G мрежата, што е од клучно значење за квалитетот на услугите особено во руралните и планинските средини. Во таа насока, реализирани се инвестиции во изградба на нови базни станици кои обезбедуваат мрежно покривање во општина Василево, областите долж автопатот Тетово – Гостивар, со селата Боговиње, Неготино и Врапчиште, како и потегот по течението на реката Радика, кај селата Врбјане, Жировница и Врбјани. Проширување на 3G мрежата извршено е во прилепскиот регион во руралните подрачја, како и на патните правци Кичево – Битола и Кичево – Охрид. Во источна Македонија нови инвестиции во проширување на 3G мрежата се направени на патот Виница – Берово и патот Штип – Радовиш. Во август 2013, Вип доби oдобрение од Агенцијата за електронски комуникации за користење на радиофреквенциски спектар на 800 MHz и 1800 MHz за обезбедување на 4G LTE услуги. Одобрението вредно 10,3 милиони евра има важност од 20 години со обврска за Вип да обезбеди 70 отсто покриеност на населението во Република Македонија во период од 6 години од датумот на неговото стапување на сила. Во својата тековна понуда Вип има повеќе од 20 паметни телефони кои можат да работат на 4G LTE мрежа./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)