Регион
Пес спречи масовно бегство од грчки затвор

Пес спречил бегство на група осуденици од затвор на западниот грчки остров Крф, кога во прошетка со стопанот ги надушкал во тунелот кој штотуку го прокопувале.
Животното се вкочанило на улица среде утринската прошетка, па газдата почнал да ја влече јамката, но сите обиди да се помрдне кучето останале попусти, пишува во саботата агенцијата ANA. Збунетоста на песот кој слушнал бука од долу, го поттикнала стопанот да повика полиција.
Потоа било откриено дека бегалците веќе ископале околу 30 метри од тунелот, почнувајќи од затворското крило Б во кое има 21 осуденик на долгогодишни или доживотни казни. Во тунелот биле откриени батериски светилки и пластични садови со храна, според полицијата.
На Крф во 1996 година повеќе од 120 затвореници побегнаа откако по две седмици копање го обновиле тунелот кој го прокопале Англичани, под чиј протекторат беше овој остров од 1914 до 1964 година, потсетува агенцијата./крај/мф/сн
Извор: ANA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.