Црна хроника
Обвинение за сообраќајката кај Универзална – возачот бил пијан
Основното јавно обвинителство Скопје во понеделникот по седум месеци поднесе обвинителен акт против дваесет ишестгодишен скопјанец за сообраќајната несреќа што се случи на 3-ти април кај Универзалната сала во Скопје, кога беше прегазена Фросина Цековска, студентка од Крива Паланка.
Осомничениот од страна на обвинителството се товари дека сторил две кривични дела, и тоа: кривично дело, тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и кривично дело, неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.Според резултатите добиени од истрагата, материјалните траги, остатоци од ДНК профилот се совпаѓале со ДНК профилот од лицето кое се пријави дека ја возел „хондата“, со којашто беше прегазена дваесетгодишната студентка.Во септември таткото на Фросина беше повикан во Обвинителството и тогаш изјави дека се сомнева дека возачот којшто сам се пријави ја возел „хондата“, и оти семејството е убедено дека некој друг бил зад воланот, лице коешто го штити „некој јак човек во државава“.Според таткото на девојката, Љупчо Цековски, папиларните линии од отпечатоците на воланот не се совпаѓале со папиларните линии на отпечатоците на дваесет ишестгодишниот скопјанец кој сам се пријави дека ја предизвикал несреќата.„Истрагата е насочена против лицето кое се пријавило, но има јаки сомнежи. Недостигот од папиларни линии, бришење на воланот, наоѓање разни отпечатоци на седиштата. Не се совпаѓаат папиларните линии на воланот со папиларните линии на убиецот. Сто отсто друг е“, рече Цековски во изјава за медиумите.Во текот на истрагата врз основа на Вештиот наод и мислење изработено од стручна институција – Биро за судски вештачења се утврдиле пропустите во однесувањето на осомничениот во сообраќајот кои придонеле за случување на сообраќајната несреќа. Утврдено било пречекорување на брзината со кое е управувано возилото, како и непосветување должно внимание од страна на осомничениот при приближување кон крстосница со означен пешачки премин.Од страна на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија биле изработени две вештачења од кои се утврдија причинско – последичната врска помеѓу критичниот настан и смртта на жртвата Фросина Цековска од Крива Паланка, како и присуство на 1,23 промили на алкохол во крвта кај осомничениот во моментот на случување на сообраќајната несреќа. „Исто така, во текот на истрагата беа испитани и сведоци – очевидци на настанот кои се произнесоа по однос на релевантни околности од критичниот ден од местото на настанот, а во својство на сведок – оштетен беше испитан законскиот застапник – таткото на сега починатата Фросина Цековска“, соопштуваат од Обвинителството.Засега возачот на автомобилот е на слобода. Тој веднаш избега од местото на несреќата, но по дваесетина минути сам се пријави во полициската станица во Ѓорче Петров каде што раскажал што се случило./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Охриѓанец приведен откако со дрвен предмет и нож нападнал сограѓанин
Полициски службеници од СВР Охрид синоќа, на 31 јануари 2026 година во 23:20 часот, го лишиле од слобода Г.А. (49) од Охрид, по пријава за насилен инцидент што се случил на улицата „Марко Нестороски“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот најпрвин со дрвен предмет го нападнал Р.С. (40) од Охрид, по што извадил нож и замавнал кон него. Со брза интервенција на полицијата, напаѓачот бил приведен, со цел спречување на понатамошна ескалација на насилството.
По целосно документирање на настанот, против Г.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, согласно законските прописи.

