Контакт

Книги

Романот „Враќањето на зборовите“ од Гоце Смилевски објавен во Бугарија

Објавено пред

Романот „Враќањето на зборовите“ од Гоце Смилевски деновиве се појави во Бугарија,  во издание на „Колибри“ од Софија.
 

dobivaj vesti na viber

Романот „Враќањето на зборовите“ од Гоце Смилевски деновиве се појави во Бугарија,  во издание на „Колибри“ од Софија.

 

Делото на Смилевски е објавено во рамките на едицијата „Современа европска проза“, во превод на бугарски јазик на Божидар Манов, професор на Националната академија за театарска и филмска уметност (НАТФИЗ) во Софија.Претставувајќи го романот, бугарски „Факти“ пишува: „За Гоце Смилевски се вели дека е наследник на Гинтер Грас и Жозе Сарамаго, бидејќи е суверен стилист, страстен раскажувач и застапник на универзалните вредности. Романите „Разговор со Спиноза“, „Сестрата на Зигмунд Фројд“, а сега и „Враќањето на зборовите“ се сведоштво за неговата вдахновена ерудиција и не случајно се крунисани со меѓународна популарност.“Издавачот на „Враќањето на зборовите“, софиски „Колибри“, ги објави и предходните романи на Смилевски „Разговор со Спиноза“ и „Сестрата на Зигмунд Фројд“, исто така во превод на бугарски јазик на Божидар Манов.Минатата недела, во издание на „Одеон“ од Прага романот „Враќањето на зборовите“ се појави на чешки јазик, во превод на Дагмар и Иван Доровски.Романите на Гоце Смилевски се преведени на преку 30 јазици во светот./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 минути

Орбан: Зеленски ја користи својата вообичаена тактика, но унгарскиот народ одлучи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за „користење на неговата вообичаена тактика на морална уцена“. „Се...

Европа16 минути

(Видео) Украински напад на 2000 километри од фронтот: рафинерија погодена во далечниот Сибир

Украински беспилотни летала наводно го нападнале сибирскиот град Тјумен доцна синоќа, на повеќе од 2.000 километри од линијата на фронтот,...

Свет35 минути

(Видео) Трамп: Грета е луда, треба да оди на лекар

Американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан од новинарите во Овалната соба за депортацијата на Грета Тунберг и други пропалестински активисти...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч,...

Македонија16 часа

За пет дена 2.267 сообраќајни прекршоци, уапсени се 22 лица

Од почетокот на месец октомври полицијата констатирала 2.267 сообраќајни прекршоци, а 22 лица се уапсени за безобзирно управување на возило,...

Македонија17 часа

(Видео) Николоски: Јасно е дека Заев ги влече конците во СДСМ

Јасно е дека Заев ги влече конците и во време на претходниот претседател на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски и...

Топ19 часа

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски...

Македонија20 часа

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата

Полицијата поднесе кривична пријава против помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, затоа...

Свет20 часа

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата на коронавирус?

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, даде интервју за унгарскиот медиум „Партизан“. Меѓу другото, таа зборуваше за конфликтот во Украина. „Во...

Македонија22 часа

Заев: Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни „куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија“

„Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува...

Македонија22 часа

„Водовод“: Поради прекини на струја дојде до два дефекти истовремено на главната водоводна линија

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај...

Регион22 часа

(Видео) Во Црна Гора убиен член на Шкаљарскиот клан: телото пронајдено во автомобил

33-годишниот Бобан Сјеклоќа беше убиен вчера околу 18 часот во продолжението на војната меѓу црногорските кланови. Телото на овој висок...

Европа23 часа

(Видео) Мерц: Русија стои зад дроновите над Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се сомнева дека Русија стои зад серијата беспилотни летала видени над Германија во текот...

Свет24 часа

Трамп: Разговорите со Хамас за завршување на војната во Газа напредуваат брзо

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека преговорите со Хамас за прекин на израелската војна во Газа и ослободување на...

Европа1 ден

(Видео) Украинците го нападнаа Белгород: град со 300.000 жители остана без електрична енергија

Рускиот град Белгород и околните области беа погодени од прекин на електричната енергија синоќа. Причината беа нападите што ја оштетија...

Регион1 ден

(Видео) Мафијашка пресметка во Црна Гора, пронајдено тело на популарна плажа

Целосна полициска блокада е воспоставена во поширокото подрачје на плажата Јаз во близина на Будва вчера вечер поради убиство што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем...

Македонија1 ден

Филипче: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

„Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ работи за олигарсите, граѓаните за нив се само бројка во избирачкиот список“, оваа порака ја упати вечерва...

Македонија1 ден

Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Радовиш, во рамки на изборната кампања за локалните...

Македонија1 ден

Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не...