Регион
Вучиќ: Стабилноста на БиХ е од огромно значење за Србија

Стабилноста на Босна и Херцеговина (БиХ) е исклучително важна за Србија, порачал српскиот премиер Александар Вучиќ во средата по средбата со членовите на Претседателството на БиХ, кои престојуваат во официјална посета на Белград, пренесуваат српските медиуми.
Стабилноста на Босна и Херцеговина (БиХ) е исклучително важна за Србија, порачал српскиот премиер Александар Вучиќ во средата по средбата со членовите на Претседателството на БиХ, кои престојуваат во официјална посета на Белград, пренесуваат српските медиуми.
„Спроведуваме тешки економски реформи и имаме сериозни резултати. Мислам дека граѓаните на Србија ќе се израдуваат по новите разговори со ММФ во август, кога за првпат ќе биде кажано дека Србија оваа година ќе има позитивен раст. Да можеме сите да продложиме со ова, потребно е да имаме стабилност во регионот. Тоа луѓето во БиХ мораат да го разберат. Нас тоа ни е толку важно, што не можам да ви објаснам. Исто како што мислам дека на БиХ и е важна стабилноста на Србија и Хрватска“, рекол Вучиќ, додавајќи дека Србија ќе го почитува интегритетот на БиХ.
„Го поминавме најтешкиот дел од економските реформи, и не треба сега политичките судири да ни донесат штета од која нема да можеме да се извлечеме. Се надевам дека сите во БиХ ќе имаат доволно сила и рационален пристап да сфатат дека поинаква политика од наведената, не води кон никакво добро решение“, заклучил Вучиќ.
Членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, пак, порачал дека процесот на помирување меѓу двете земји е неминовен за да се обезбеди стабилност и сигурност на регионот.
„Сакаме да се движиме во насока на силен развој на регионот, за што нам ни е потребна стабилност и сигурност. А нив ги нема без интензивен процес на помирување. Ние сите зависиме еден од друг. Вучиќ и јас пред неколку месеци во Сараево се договоривме дека ќе направиме се за односите меѓу двете држави да се поправат и никогаш повеќе да не се случи зло“, порачал Изетбеговиќ, кој во Белград присуствува заедно со останатите двајца членови на босанското претседателство, Младен Иваниќ и Драган Човиќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.