Регион
Договорот за повторно обединување на Кипар можен во 2016?!

Грчките и турските кипарски челници во четвртокот изразија надеж дека во 2016 година ќе постигнат договор за повторно обединување на поделениот остров, и ја повикаа меѓународната заедница да им помогне во заедничките мировни напори.
„Верувам дека 2016-та ќе биде годината во којашто ќе ставиме точка на неприфатливата состојба на статс-кво“, изјави претседателот на Република Кипар, Никос Анастасијадес на Светскиот економски форум во Давос.
Челникот на кипарските Турци, Мустафа Акичи, исто така, во Давос изјави дека има намера со Анастасијадес да ја „продолжи тешката задача на решавање на проблемот и да отвори нов пат за новите економски прилики“.
Двајцата челници во четвртокот во швајцарското монденско летувалиште за оваа тема разговараа и со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.
Медитеранскиот остров по турската воена инвазија во 1974 година е поделен на поголем, меѓународен признат јужен дел и членка на ЕУ населен главно со Грци, и помал северен дел самопрогласената Турска Република Северен Кипар, кој официјално го има признаено само Анкара./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.
„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.
Регион
Пронајдени се лицата кои исчезнаа во Грција

Никола Стефановиќ (31) и Марта Илиќ (19), кои исчезнаа во Грција, се пронајдени, како што потврди за Блиц нивниот пријател Милан Атанасковиќ, со кого го напуштиле Лесковац.
Двајцата биле пронајдени во Сер.
– Тие свртеле погрешно, се наоѓаат на 125 километри од местото каде што се упатија. Ја поминале ноќта во парк, дури денес нашле ви-фи и ме контактираа – изјави тој за „Блиц“.
Претходно српските медиуми објавија за нивното исчезнување.
„Тие отидоа со нас во Грција, требаше да прстојуваме стан до стан на истото место. Никола е пријател на татко ми, го замолил да оди пред него, да го следи, не го знаел патот. Сè беше во ред низ Србија и Северна Македонија, влеговме во Грција“, вели Јелена Стојиљковиќ за „Блиц“.
Откако направиле пауза на бензинска пумпа во Грција, го продолжиле своето патување.
Кога стигнале до втората рампа на автопатот кон Олимпик бич, Никола и Марта исчезнале.
Регион
Никола и Марта исчезнаа на патот кон Грција: „По втората рампа повеќе не ги видовме“

Никола Стефановиќ (31) и Марта Илиќ (19) исчезнаа патувајќи на одмор во Грција, како што потврди за „Блиц“ Јелена Стојиљковиќ, ќерката на нивниот пријател, со кого го напуштиле Лесковац.
„Тие отидоа со нас во Грција, требаше да прстојуваме стан до стан на истото место. Никола е пријател на татко ми, го замолил да оди пред него, да го следи, не го знаел патот. Сè беше во ред низ Србија и Северна Македонија, влеговме во Грција“, вели Јелена Стојиљковиќ за „Блиц“.
Откако направиле пауза на бензинска пумпа во Грција, го продолжиле своето патување.
Кога стигнале до втората рампа на автопатот кон Олимпик бич, Никола и Марта исчезнале.
„Тато ги набљудуваше цело време во ретровизорот. По таа втора рампа, повеќе не ги видовме. Потоа тато доби порака од бројот на Никола „Брат, те молам јави ми се“, што и го стори. И тој и таа беа недостапни“, изјави Јелена за „Блиц“.
Како што истакна, Марта и Никола не контактирале со никого од вчера и сите се многу загрижени.
„Се надеваме дека се е добро и дека ќе се појават, сите сме многу загрижени за нив“, рече таа на крајот од интервјуто за „Блиц“.
Патем, судејќи според информациите објавени на Фејсбук страницата „Во живо од Грција“, автомобилот со кој Никола и Марта патувале во Грција е син металик опел со лесковачки регистарски таблички LE 164 LB.
Исчезнатиот Никола Стефановиќ живее во селото Богојевце во близина на Лесковац, а Марта Илиќ живее во селото Бунушки Чифлук.