Европа
Франција: Почина пациентот од тестирањето на лек од канабис
Почина лицето коешто беше во состојба на мозочна кома, а пет други се во тешка состојба, откако претходно седмицава беа хоспитализирани откако учествувале во клиничко испитување на експериментален лек на база на канабис во приватна лабораторија во Рен во западна Франција, соопштија во неделата од Универзитетската болница во Рен.
Инцидентот се случи во група од 90 доброволци, станува збор за повеќето студенти коишто со учеството во испитувањето на лекови си ги плаќаат студиите, кои учествувале во тестирањето на лек, врз база на супстанции содржани во марихуаната. Препаратот, наводно, бил наменет за намалување на анксиозноста кај лица кои страдаат од ментални болести.
Според лекарите, состојбата на другите четири пациенти кои се хоспитализирани во моментов е стабилна. Кај нив е забележано нарушување на нервниот систем. Еден од волонтерите во четвртокот утрото беше хоспитализиран со мозочна смрт и по три дена тој почина.
Лицето коешто се наоѓаше во состојба на мозочна смрт и другите заболени, беа сместени во болницата во Рен. Сите испитувања на овој лек се прекинати, а доброволците се повлечени од постапката.
За случајот се отворени три истраги. Во лабораторијата е извршен претрес, запленети се компјутери, лабораториски податоци и мостри од препарати. Спроведени се испрашувања на лекарите и менаџментот на лабораторијата, и земени се сведочења од учесниците во тестирањето. Стручњаците сé уште не успеаја да откријат што довело до заболување на пациентите кои доброволно учествувале во експериментот.
Претходно во петокот во соопштението на министерството за здравство на Франција не беше појаснето за кој лек станува збор, но се тврдеше дека шесттемина заболени учесници пред тестирањето биле здрави и оти тестирањето е изведено во приватна лабораторија, специјализирана за изведување клинички тестирања.Министерството, исто така, ниту во подоцнежното соопштение од петокот не наведе за што би се користел идниот лек, меѓутоа лице запознаено со ситуацијата тврдеше дека станувало збор за лек против болки на база на канабис. Сé тргнало на лоши во четвртокот во текот на првата фаза од клиничкото тестирање, односно на здрави доброволци кои лекот го примиле преку орален пат во „европска лабораторија“ во Рен, во западниот регион Бретања.
Лабораторијата „Biotrial“, основана 1989 година, врши клинички испитувања за низа фармацевтски компании и вработува 300 луѓе во светот, од кои 200 во Рен. „Bial“ е водечка португалска фармацевтска групација основана 1924 година. Како најважни терапевтски области компанијата ги наведува производството на лекови за нервниот систем, кардиоваскуларниот систем, проблеми со дишењето, алергии, а работи и на производство на антибиотици.
Случаите во коишто клиничките испитувања тргнуваат на лошо уште во првата фаза се ретки, но се регистрирани. Последната таква трагедија се случи во Европа во 2006 година, кога шест здрави доброволци, коишто примиле експериментален лек беа пренесени на одделението за интензивна нега во болница во Лондон. Еден од нив по земањето на лекот изгледал како „човекот слон“ бидејќи главата му се надула како балон, а на друг му отпаднало месото од врвовите на прстите и ги загубил ножните прсти. Пред пет години во САД почина 24-годишната Елен Роше, додека учествувала во испитување на лек за астма. Станува збор за испитување на хексаметонин коешто се спроведувало на Универзитетот Џонс Хопкинс.
Во првата фаза од клиничко испитување, лекот им се дава на здрави лица за да се утврди како телото реагира и кој би вила најдобрата доза за пациентите. Во фазите два и три се утврдува ефикасноста на лекот и неговата сигурност за пациентите и дури тогаш може да биде пуштен во продажба./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

