Европа
Соботка: Украина не е подготвена ниту за ЕУ, ниту за НАТО
Украина не е подготвена за членство ниту во Европската унија, ниту во НАТО, рече во неделата во изјава за чешката телевизија премиерот Бохуслав Соботка.
„Украина не е подготвена за членство во ЕУ, не е подготвена ниту за членство во НАТО. Во Алијансата ниедна од членките не го предлага приемот на Украина. Двете организации во овој поглед треба на Украина да ѝ дадат реални надежи“, рече чешкиот премиер Бохуслав Соботка. „Ако украинската страна гледа во мировниот план на претседателот Петро Порошенко пат за успешно надминување на кризата, тогаш значи таа истовремено не може да ја спроведе неговата идеја за членство во ЕУ и во НАТО“, смета чешкиот премиер.„Актуелната ситуација во Украина нема воено решение. Ние не можеме да се мешаме во тоа, ниту како ЕУ, ниту како НАТО. Во спротивно, таа (ситуацијата) би се развила со непредвидливи последици и може да доведе до ужасен конфликт“, појасни Соботка. Според чешкиот премиер „фактот што со Русија не беше постигнат договор за придружување на Украина кон ЕУ, е едена од главните причини за сегашниот конфликт во југоисточниот дел на земјата“.Во врска со предлозите на некои земји членки на Европската унија на самитот во саботата вечерта во Брисел за воведување нов сет санкции против Русија за нејзиното наводно вмешување во настаните во Украина, Соботка рече дека априоири не може да се согласи со нивното воведување, без тие да бидат проучени, како и нивните последици, кога сѐ уште не се познати ефектите од санкциите кои претходно беа наметнати.„Досега имам слушнато само усна верзија на новите санкции. Кога тие ќе бидат ставени на хартија, во владата детално ќе ги разгледаме, а кон тоа ќе ја приклучиме и опозицијата“, рече чешкиот премиер.Соботка изрази уверување дека Западот во секој случај мора да го поддржува политичкиот дијалог со Русија, затоа што, според него, „во светот постојат бројни проблеми за чиешто решавање Западот и Русија мора да бидат партнери“.„Ја имам предвид борбата со меѓународниот тероризмот, и ситуацијата на Блискиот исток, и конфликтите во северна Африка“, истакна премиерот на Чешка./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

