Контакт

Надворешна политика

Попоски: Решението за името не смее да ги загрози идентитетските параметри

Објавено пред

Македонија има искрен и отворен интерес за надминување на спорот за името, но секое можно решение не смее да ги загрози идентитетските параметри, вели шефот на дипломатијата Никола Попоски во интервју за Deutsche Welle.
 

dobivaj vesti na viber

Македонија има искрен и отворен интерес за надминување на спорот за името, но секое можно решение не смее да ги загрози идентитетските параметри, вели шефот на дипломатијата Никола Попоски во интервју за Deutsche Welle.

 

 

Според Попоски, земјата плаќа голема економска и политичка цена поради блокадата за ЕУ и НАТО, но и натаму ќе продолжи да вложува напори за изнаоѓање решение.

 

„За нас е битно дека Македонија навистина искрено и отворено има интерес за надминување на овој единствен проблем кој го сопира членстото во ЕУ и НАТО, поради што плаќаме и економска и политичка цена и не успорува во можностите да имаме напредок. Ние сме заинтертесирани и ќе вложуваме и натаму напори за решение. Воедно е јасно дека било какво решение не смее да ги загрози македонските идентитетски параметри. Не смее да дојде до промена на уставот – со цел промена на уставното име и клучните параметри за кои сме утврдиле дека не може да бидат предмет на уцена и пазарење, а не се такви за сите други земји во светот. Мислам дека Македонија има покажано дека може да биде многу повеќе од самоконструктивна, со тоа што има прифатено прилично навредливо именување во Обединетите нации и ред други отстапки за кои сега не би сакал да се навраќам. Во овој момент навистина ни требаат и соговорници во Атина, но и клима во која нема да бидеме жртва на една наметната блокада, која нè спречува да бидеме дел од Европската унија и НАТО“, вели Попоски за Deutsche Welle.

 

Министерот за надворешни работи додава дека во однос на меѓународниот притисок, тој секогаш се врши врз послабата страна, а во случајот тоа е Македонија.

 

„Притисокот е секогаш врз послабата страна. Многу е полесно да се направи притисок врз Македонија која е надвор од ЕУ, отколку кон некој кој е внатре како Грција. Особено врз некој кој се има докажано како не особено флексибилен кон голем број прашања. Сметам дека не смееме да дозволиме да се притиска за било што – што е надвор од меѓународно-правните рамки и што не соодвествува со оние вредности кои истата таа меѓунароидна заедница ги промовира. А, тоа се:правото на самоопределување, на почитување на основните човекови права, на почитување на правото на самоидентификација. Бидејќи ако се гази врз тоа, тогаш всушност се газат и самите идеи за евроатлантската интеграција. Верувам дека никој нема интерес тоа да го прави“, смета Попоски.

 

Дополнителен аргумент кој е на македонска страна е и пресудата од Меѓународниот суд на правадата во Хаг, потенцира министерот.

 

„Било какво решение во рамките на Обединетите нации кое би требало да мине преку Советот за безбедност, каде и претходно е расправано, подразбира добра волја и конструктивност и од петте постојани членки на Советот за безбедност: Америка, Велика Британија, Франција, Русија и Кина. На македонска страна е и фактот што Меѓународниот суд на правдата, највисокото правно тело во Обединетите нации, веќе има пресудено дека блокадата на Македонија во НАТО од 2008 година, а со тоа и блокадите во Европската унија, се кршење на Времената спогодба и на меѓународното право. Останува да видиме колку е тоа фактор за загриженост на оние кои го промовираат тоа меѓународно право во светски рамки, а впрочем и самата Грција која често го користи тој аргумент“, додава македонскиот министер.

 

Запрашан, пак, за последната германска иницијатива околу процесот за решавањето на спорот за името, Попоски смета дека Германија сака да биде активен партнер и да помогне во надминувањето на билатералните проблеми, со цел да се задржи темпото на реформи во приближувањето кон ЕУ, а ова може да биде само позитивно за Македонија./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Скопје35 минути

Силното невреме причина за повеќе пожари во Скопје, сите се изгаснати или локализирани

Попладнево скопскиот регион беше зафатен од силно невреме проследено со силен ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе...

Регион2 часа

(Видео) Драма на скопскиот аеродром: Aвион од Крит со 200 лица слета во Скопје наместо во Белград

Патници на авиокомпанијата „Виз ер“ кои требаше да летаат од Крит за Белград, наместо тоа завршија на аеродромот во Скопје...

Скопје3 часа

(Фото) Скопје на удар на невреме, силен ветер, паднати дрва, пожари во делови од градот

Скопје се соочува со нестабилни временски услови во текот на денешниот ден. Во моментов, во градот дува многу силен ветер,...

Македонија4 часа

Мицкоски жестоко му одговори на Филипче: Доста беше со итроштини, народот веќе не заборава, вие продадовте сѐ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро одговори на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за нова декларација во Собранието за...

Македонија5 часа

(Фото) Почина поранешниот директор на Здравствен дом – Скопје, д-р Виктор Исјановски

Тажна вест ја потресе македонската здравствена јавност попладнево. Почина д-р Виктор Исјановски, психијатар и поранешен директор на Здравствен дом –...

Македонија6 часа

Уценетиот Таравари како млада невеста, не знае кој пат да го фати, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уценетиот Таравари на крајот ќе се откаже од самиот себе, како млада невеста што не знае кој пат да го...

Македонија8 часа

Многу нервозни возачи на Табановце, за влез и за излез се чека околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, со суви коловози, но летните одмори предизвикуваат зголемена фреквенција на возила...

Топ8 часа

Двајца приведени за подметнување пожар кај Тиквешко езеро

Кавадаречката полиција вчера околу 19:00 часот ги приведе З.К. (33) од Бегниште, кавадаречко и И.И. (19) од Кавадарци, поради сомнение...

Економија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со нас народот живее подобро, платите растат, инфлацијата се топи

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните имаат повеќе пари, платите растат, а инфлацијата е стабилизирана, пишува во денешното соопштение на партијата....

Македонија10 часа

Филипчe: ВМРО-ДПМНЕ се гушка со ДУИ, ние ја научивме лекцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител категорично ја отфрли тезата дека неговата партија ја рехабилитира Демократската...

Македонија10 часа

Перински пред гласањето на 12 септември: Ако не се донесе законот, градоначалниците ќе останат без контрола

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, потврди дека институциите прават максимални напори новите измени на Законот за локална самоуправа да...

Свет11 часа

Тој е „предатор“ и „чудовиште“: Макрон со навреди кон Путин, Москва реагираше

Русија остро го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за, како што рече, „вулгарните навреди“ откако францускиот претседател го нарече рускиот...

Македонија12 часа

Македонија ќе ја зафати невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Македонија денеска ќе биде погодена од нестабилно време кое ќе донесе големи промени во текот на денот. Утринските часови ќе...

Топ1 ден

Маж ја тепал бремената сопруга: јa притискал за вратот и ја удирал главата од креветот

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против државјанин на Република Хрватска, кој е осомничен за кривично дело...

Македонија1 ден

Тројца повредни во пожарот во дискотеката „Пулс“ сè уште се во болница: еден во Истанбул, двајца во „Систина“

Тројца повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“, при што загинаа 62 лица, веќе шести месец се на болничко лекување. Директорот...

Топ1 ден

Полово вознемирувал малолетно девојче: уапсен 75-годишен маж од Тетовско

Вчера во 17:00 часот во СВР Тетово е лишен од слобода З.Б.(75) од тетовско. Тој се сомничи за сторено кривично...

Македонија1 ден

Мицкоски: Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија

„Тоа ќе биде од големо значење за нас како држава, за Македонија како целина, бидејќи на тој начин ќе ја...

Македонија1 ден

И без документи, оние што се сомневаат дека биле непотребно оперирани нека поднесат претставка, повика Клековски

Сите што се сомневаат дека биле непотребно оперирани по скандалот дека се правеле операции на срце само за да се...

Македонија1 ден

Николоски: Почнуваме со реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка, активно се работи и на граничниот премин

Имаме рекордни инвестиции во инфраструктурата во Крива Паланка и регионот. Само преку Владата, преку двата јавни повици инвестираме преку 200...

Македонија1 ден

(Видео) Шукова: Преку БРТ-системот јавниот превоз во Скопје ќе го решиме до средината на 2028

Јавниот превоз во Скопје е една од клучните слабости на Градот. ДПМНЕ и Арсовска ветуваа нови еколошки автобуси, бесплатен јавен...