Надворешна политика
Неприфатливо е продолжувањето на политичката криза, за Ахмети
Политичката криза, реформите од препораките на Европската унија, спорот со Грција за името и борците од регионот во војните во Сирија и Ирак биле дел од темите за кои разговарале на средбата во понеделник лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети и Викторија Нуланд, помошник државниот секретар на Стејт департментот за Европа и Евроазија.
Политичката криза, реформите од препораките на Европската унија, спорот со Грција за името и борците од регионот во војните во Сирија и Ирак биле дел од темите за кои разговарале на средбата во понеделник лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети и Викторија Нуланд, помошник државниот секретар на Стејт департментот за Европа и Евроазија.
На средбата во американската амбасада во Скопје присуствувале и Евелин Фаркаш, заменик помошник на Секретарот за одбрана на САД и амбасадорот на САД во Скопје, Џес Бејли.Ахмети и гостите од САД разговарале околу политичка криза во Македонија и начините за надминување на политичката криза во земјата, како и интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ, преку решавање на прашањето за името и структурните реформи.САД остануваат силен партнер и поддржувач на евроатлантската интеграција на Македонија, соопштија од партијата.Нуланд ја изразила својата оцена за улогата на Али Ахмети и ДУИ во врска со последните случувања во земјата, а Ахмети ја запознал со позицијата на партијата во врска со политичката криза во земјата, како и за активностите што ги презема за одржување на состаноците на партиските лидери, предлозите и иницијативите, како и за она што планира да го преземе во зависност од исходот на разговорите во наредните денови.„Претседателот Ахмети го оцени како неприфатливо продолжувањето на политичка криза бидејќи целото општество е во очекување на решение и продолжување на нашиот евроатлантски пат. ДУИ ќе ги поддржи реформите што произлегуваат од препораките на Европската унија и на Прибе бидејќи нивното спроведување го прават демократскиот систем постабилен“, се вели во соопштението.Во врска со спорот за името, Нуланд и Ахмети разговарале да продолжат со заедничките напори во правец за наоѓање решение за спорот за името со Грција веднаш по решавање на политичката криза во државата.Соговорниците исто така, разговарале и за една друга заедничка грижа, поточно за борците од регионот во војните во Сирија и Ирак, при што спомнале и различни методи за да се спречи оваа негативна појава неприфатлива за нашето општество./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.