Контакт

Надворешна политика

Попоски и Жбогар очекуваат фер и демократски избори во декември

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски оствари средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

dobivaj vesti na viber

„На средбата се разговараше за напредокот во евроинтегративниот процес на Република Македонија. Во тој контекст, беа истакнати очекувањата за спроведување фер и демократски избори, како основа за интензивирање на реформскиот процес во Република Македонија на патот кон ЕУ. Воедно, разговараа и за справувањето со мигрантско-бегалската криза и европската помош во таа насока, што претставува заеднички интерес“, соопштија од кабинетот на министерот.  Амбасадорот Жбогар рекол дека Европската унија и понатаму ќе продолжи со својата поддршка во процесот на пристапување на Република Македонја во Европската унија. Во рамки на средбата, министерот Попоски му посакал успешна дипломатска мисија на амбасадорот Жбогар во Република Македонија./крај/со/бб

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Од денес до петок – пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денес до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално...

Свет1 час

Шефот на иранската атомска енергија: Нуклеарните централи се во добра состојба и покрај нападите

Иранските државни медиуми денес објавија неколку кратки изјави од страна на службеници задолжени за нуклеарната и за енергетската инфраструктура. Шефот...

Македонија2 часа

Арсовска: Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана

Ако се прашувате зошто со месеци и години има проблеми со собирање на комуналниот отпад во Скопје, одговорот е поради...

Македонија3 часа

Евакуирани првите македонски државјани од Израел

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани, кои побараа евакуација од територијата на Израел,...

Македонија3 часа

МОН го зголемува бројот на ученици во средните стручни училишта

МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта. Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година...

Македонија4 часа

Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека премиерот Христијан Мицкоски, на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, имал слаб говор и...

Македонија4 часа

Мицкоски: Сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци,...

Македонија17 часа

Уште еден случај на семејно насилно – скопјанец со возило се обидел да ја прегази сопругата, па ја истепал

Уште еден случај на семејно насилство во Скопје, сопруг се обидел да ја прегази сопругата со автомобил, кога не успеал,...

Свет17 часа

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер, барем не засега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара...

Свет20 часа

Кремљ: Руската понуда сè уште е на маса, но Израел засега не е заинтересиран за мирно решение

Кремљ изјави дека гледа дека Израел не сака посредништво во конфликтот со Иран, кој влегува во својот петти ден по...

Македонија20 часа

40-годишен скопјанец ја истепал мајка си: со тупаници ја удирал по лицето и телото и ја гризел, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна...

Свет21 час

Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу...

Свет22 часа

Опасна најава од Израел: „Ќе видите некои изненадувања што операцијата со пејџерите ќе ви се чини едноставна“

Израел сè уште има некои изненадувања во ракавот во борбата против Иран, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер. Тој...

Македонија23 часа

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство...

Македонија23 часа

(Видео) Ако Обвинителството не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат, вели Мицевски

„Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен...

Македонија24 часа

Мицкоски очекува на 24 јуни Бугарите да го повлечат барањето пред македонскиот јазик и идентитет да стои „сегашен“: Ете им прилика на дело да го покажат она што го зборуваат

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите за спорот околу идентитетот и јазикот оти од...

Македонија24 часа

„Граѓаните да не креваат паника, лисиците не се опасни и не напаѓаат луѓе“, апелираат од „Анима мунди“

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со...

Македонија1 ден

Данела Арсовска до Орце Ѓорѓиевски: Дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за „Усје“

„Добро утро, Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе со Хрисафов од ‘Усје’,...

Македонија1 ден

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините за да се намали загубата, која сега изнесува 64 отсто

За да се намали загубата на водата за пиење, која на национално ниво во просек изнесува речиси 64 отсто, неопходно...

Македонија1 ден

Седум години од потпишувањето на договорот од Преспа

На денешен ден, 17 јуни, 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа, со кој се затвори долгогодишниот...