Црна хроника
Спасовски ги посети повредените полицајци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во саботата вечерта ги посети и разговараше и со повредените полициските службеници, задржани во медицинскиот центар во Гевгелија посакувајќи им побрзо закрепнување.
Спасовски беше во посета и на транзитниот прифатен центар на граничната линија меѓу Грција и Македонија кај котата 59, со цел да се запознае одблиску со ситуацијата на терен околу вчерашниот инцидент на поединци од економските мигранти со полициските службеници и армијата.
Претходно МВР соопшти дека вкупно 18 полициски службеници биле повредени во саботата на јужната граница во судирот кој го иницираа мигрантити со фрлање на камења кон полицискиот кордон.
Во инцидентот биле демолирани и неколку полициски и армиски возила и штитови./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.