Европа
Вишеградската група сака да излезе со единствен став
Четирите средноевропски земји членки на Европската унија којашто ја сочинуваат Вишеградската грипа – Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, сакаат да дефинираат заеднички став околу предлог реформите на ЕУ за да се избегне излегувањето на Велика Британија од 28-члениот сојуз, или ткн „Брекзит“, главно околу прашањето за социјалните надоместоци, изјави во петокот унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Барањето на британскиот премиер Дејвид Камерон да се ограничат социјалните надоместоци за европските работници вработени во Велика Британија предизвикува во земјите од Вишеградската група кои стравуваат од дискриминација кои стотиците илјади нивни државјани кои заминуваат на работа на Островот.
„Разговараме со земјите од Вишеградската група за да изнајдеме заеднички став“, изјави во петокот унгарскиот премиер Виктор Орбан за јавното радиот MR1. Тој во понеделник во Будимпешта ќе ја пречека полската премиерка Брада Шидло, а на 15-ти февруари ќе отпатува за чешката престолнина Прага.
Челникот на унгарската влада не ја отфрла можноста за наоѓање околу намалувањето на социјалните давачки за работниците од другите земји членки на ЕУ во Велика Британија.
„Дали е можно да се направи разлија меѓу британските граѓани и граѓаните на другите земји членки? Веројатно да, но на кое ниво“, запраша Орбан истакнувајќи дека сака да се избегне секоја дискриминација./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви
Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ.
Пожарот избувна на четвртиот кат од хотел со 11 ката во ски-центарот Карталкаја во Болу рано наутро во вторникот, а пожарникарите се уште работат на гаснење, изјави за ТРТ гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Тој рече дека причината за пожарот не е позната, но дека властите ќе истражат, додавајќи дека пожарот започнал на подот од ресторанот. Во хотелот имало 234 гости, додаде гувернерот.
Европа
Папата го критикува планот на Трамп: „Срамота“
Папата Франциско ја критикува најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе почне построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации, по преземањето на функцијата.
Во интервју за италијанската телевизија „Канал 9“, папата рече дека би било срамота доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави „Ројтерс“ во понеделникот додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Католичката црква.
Франциско, духовниот водач на 1,4 милијарда католици, обично внимателно ги избира зборовите кога зборува за политички прашања.
Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе ја платат неплатената сметка“.
„Тоа не функционира. Така не го решавате проблемот“, рече папата.
Европа
Се судрија два брода на реката Елба, 11 повредени
Единаесет лица се повредени кога транспортен брод се судри со траект на реката Елба во северниот германски пристаништен град Хамбург, соопштија денеска пожарникарите.
Едно лице добило повреди опасни за животот, изјави портпаролот во близина на местото на несреќата. Бродовите се судрија рано утрото во близина на мостот „Колбранд“ во југозападниот дел на Хамбург.
Причините за несреќата сè уште не се познати.