Регион
Австрија се залага за европската перспектива на западен Балкан
Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц во вторникот изјавил дека Австрија и натаму ќе се залага за европската перспектива на земјите од западен Балкан.
Говорејќи пред австриските амбасадори од целиот свет, Курц во Виена порачал дека интеграцијата на земјите од регионот е еден од неговите приоритетите.
„Овој став не е секогаш популарен, но е исправен. Австрија е тесно поврзана со земјите од западен Балкан. Наголемата група на имигранти во Австрија е од овој регион, а покрај тоа, австриската економија е најважниот инвеститор за овие земји“, објаснил австрискиот министер за надворешни работи.
Курц се осврнал и на состојбата со Русија, потенцирајќи дека Австрија мора да се подготви за посериозни мерки кон Москва. Во однос на судирите во Ирак пак, Курц им дал поддршка на оние кои се борат против терористите на Исламската држава на Ирак и Сирија (ISIS).
Курц изразил загриженост поради тоа што „илјадници Европејци“ одат во „света војна“, оценувајќи дека претставува внатрешнополитички предизвик за цела Европска унија. Меѓутоа, австрискиот министер додал дека не смее да се направи грешка и сите муслимани да се ставаат во ист кош, бидејќи повеќето од нив се добро интегрирани./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
РЕ-Балканкан
Се роди бебе во такси во Црна Гора
Бебе во Никшиќ, Црна Гора, се роди во такси. Мајката почувствувала болка и тргнала на породување, но не дочекала да стигне до болницата, јавуваат црногорските медиуми.
Мајката и бебето по невообичаеното породување веднаш биле згрижени во болницата во Никшиќ.
„И мајката и бебето пристигнаа во болница со такси. Веднаш по приемот беше пресечена папочната врвца и беа завршени сите други постпородилни процедури. Бебето е одлично, тешко 2.330 грама при раѓањето“, потврдија во болницата во Никшиќ.
Храбрата мајка од Никшиќ, која на необичен начин го донесе на свет своето бебе, има 27 години.
Сличен случај имаше и во Македонија пред четири години, кога велешанка се породи во такси пред да влезе во болницата.
Според тогашните натписи во медиумите, кога стигнале пред болницата, таксистот ја отворил вратата од автомобилот и повикал помош од медицинските сестри. Папочната врвка беше пресечена во возилото.
Регион
Тројца членови на семејство, меѓу кои и дете, пронајдени мртви во нивниот дом во Босна
Трoјца луѓе починале синоќа во селото Теочак кај Тузла во Босна и Херцеговина, како последица од труење со јаглерод моноксид. Истражителите се сомневаат дека смртоносниот гас потекнал од генератор на нафта кој семејството го користело за производство на струја.
Според неофицијални информации починале тројца луѓе, сите членови на едно семејство, а меѓу нив е и едно дете. Според информациите, починатите ги пронашол локалниот оџа. Од полицијата велат дека добиле дојава и испратиле екипи на терен, но дека и натаму немаат потврда за оваа информација.
Неофицијално се дознава дека трагедијата се случила синоќа, а починатите биле пронајдени денеска.
Регион
Делови од Босна и Херцеговина под снег, нема струја: селата блокирани
Делови од Босна и Херцеговина сè уште се отсечени од светот и без струја поради снежните наноси, а голем број патишта во таа земја сè уште се непроодни за целиот сообраќај, известија службите задолжени за итни интервенции.
Најтешка е состојбата во северозападните и северните делови од земјата, а особено се погодени општините Дрвар, Кнежево, Лопар и Угљевиќ.
„Селата се блокирани“, изјави градоначалникот на Кнежево, Горан Боројевиќ, за локалните медиуми предупредувајќи дека верува оти има ранливи жители со кои нема комуникација.
Според податоците на РХМЗ РС, во Кнежево висината на снегот е 110 сантиметри, но мештаните велат дека наносите се многу поголеми и дека достигнуваат висина и од три метри.
„Сè е блокирано. Ситуацијата е тешка. Градот некако го исчистивме, струја немаме, вода засега има. Имаме тројца загинати, колку што знам. Меѓутоа, проблемот е што многу села немаат сигнал, ние воопшто немаме врска со нив и не знаеме што се случува таму и дали има итни случаи“, рече началникот.
Градовите и населбите во областа Шемберија и Мајевица трет ден се без струја откога снегот го оштети далноводот во тоа подрачје и екипите за поправка не може да стигнат до столбовите поради обилниот снег.
Автомото-клубот на Босна и Херцеговина (БИХАМК) соопшти дека поради снег целосно се затворени патиштата од Бихаќ кон Босански Петровац и Кључ, како и од Дрвар кон Босански Петровац и Гламоч.
Забранет е целокупниот сообраќај на возила и на релациите Гламоч – Млиниште и Купес – Ново Село. Прекината е и трасата од Бања Лука до Кнежево, како и од Котор Варош до Теслиќ.
Сообраќајот за камиони е забранет на низа други патни правци, особено на оние што минуваат низ планинските превои.
Слаб снег денеска падна во делови од Босна и Херцеговина, а состојбата се очекува да се подобри од утре кога се прогнозира дека врнежите ќе престанат и времето ќе се разведри.
Селото Пепелари, кое се наоѓа во близина на Зеница, четврти ден е целосно отсечено од остатокот од светот поради обилните снежни врнежи.
„Кликс.ба“ пишува дека висината на снегот надминува еден метар, а засега никој не презел конкретни мерки за пробивање до селото. Жителите се очајни, особено поради фактот што во селото живеат голем број болни и стари лица, на кои итно им е потребна помош.
Утрово, со теренско возило со помош на мештанин била евакуирана постара жена од селото. Сепак, остатокот од речиси 300 жители, меѓу кои има и деца, сè уште е отсечен.
Селото четири дена е без струја, а мештаните велат дека од војната не биле во таква изолација. Од ден на ден расте паниката кај жителите, а патните служби на Град Зеница сè уште не се дојдени да го направат патот прооден.
Екипата за брза помош од Бања Лука четири часа се бореше со снегот за да стигне до детето чиј живот беше во опасност.
Оваа информација на „Фејсбук“ ја објави еден од работниците на итната служба, кој рече дека не се откажуваат, без оглед на невозможните услови. На крајот, успеале да му ја укажат потребната помош.
„Пример за луѓе што покажаа најголем степен на хуманост и дружељубивост се медицинските лица од Бања Лука, кои поминаа четири часа низ снегот за да стигнат до дете што било приклучено на респиратор, а сето тоа кога снемало струја поради лошото време“, изјави вработен во итната помош.