Контакт

Европа

Лавров: Расте терористичката закана која доаѓа од територијата на Турција

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја откажа посетата на Турција која беше закажана за средата (25-ти ноември) истакнувајќи дека инцидентот во кој турски борбен авион го собори рускиот „Су-24“ покажува дека расте „терористичката закана која доаѓа од територијата на Турција“, а министерството за одбрана на Руската Федерација на својата интернет страница објави дека оваа кација на турските вооружени сили ја смета за непријателски чин.

dobivaj vesti na viber

Претходно беше планирано шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во среда да учествува на петтата сесија на руско-турската Заедничка група за стратешко планирање во Турција во Истанбул.

„Терористичката закана од територијата на Турција се зголемува“, изјави Лавров. „Во моментов неопходно е да се истакне дека денес се заклучува оти се засилуваат терористичките закани коишто потекнуваат од територијата на Турција“, додаде првиот руски дипломат за новинарите напомнувајќи „независно од она што денеска се случи“, алудирајќи на турското соборување на рускиот „Су-24“.

Заканата од тероризмот од Турција, не е воопшто помала од онаа којашто потекнува од Египет, и руското министерство за надворешни работи не им препорачува на руските државјани да патуваат во Турција, додаде. „Според нашите оцени, бројот на терористичките манифестации и заканите не е ништо помал, од оние во Египет“, рече Лавров.

Истакна дека рускиот авион бил во мисија против терористите и дејствувал исклучиво во сирискиот воздушен простор, верзија којашто претходно ја соопшти и руското министерство за одбрана и претседателот Владимир Путин.

„Оцените на (Путин) се крајно едноставни. Претседателот директно кажа дека тоа не може а да не влијае врз руско-турските односи“, потсети Лавров без да./крај/мф/сн

Извор: TACC



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Започна вториот ден од разговорите во Абу Даби, Рубио: Има добри и лоши вести

Објавено пред

Вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, насочени кон решавање на војната, започна во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Ова го објави Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пренесува Украинска правда.

dobivaj vesti na viber

„Вториот ден од преговорите во Абу Даби започна. Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, работа во групи, а потоа усогласување на ставовите. Резултатите ќе следат“, објави Умеров на Фејсбук.

Коментирајќи го напредокот на разговорите во Абу Даби на 4 февруари, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека има и добри и лоши вести. Според Рубио, добрата вест е дека списокот на нерешени прашања што постоеја меѓу Украина и Русија е значително стеснет. Украинската делегација подготвува извештај до претседателот Володимир Зеленски за резултатите од првиот ден од преговорите.

Украинската делегација во Абу Даби ја сочинуваат секретарот Рустем Умјеров, шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, и неговиот прв заменик Серхиј Кислица, лидерот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Арахамија, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Хнатов, и советникот на кабинетот на претседателот, Олександр Бевз.

Според Умјеров, украинскиот тим во Абу Даби планирал и билатерален состанок со американската страна, претставена од специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тие требало да разговараат за документ за безбедносни гаранции и план за просперитет.

Трилатералните разговори во Обединетите Арапски Емирати се одржуваат по големиот руски напад врз Украина. По последниот напад, претседателот Володимир Зеленски во вторникот изјави дека работата на украинскиот преговарачки тим ќе биде „прилагодена“.

Прикажи повеќе...

Европа

Берлинскиот аеродром ги одложи сите полетувања поради снег и замрзнат дожд

Објавено пред

Аеродромот во Берлин утрово соопшти дека сите полетувања се откажани поради временските услови, бидејќи свеж снег и замрзнат дожд го погодија регионот на германскиот главен град.

dobivaj vesti na viber

„Моментално нема полетувања на аеродромот Берлин-Бранденбург поради временските услови“, соопштија од аеродромот, објаснувајќи дека авионите не можеле да се одмрзнат поради дождот, кој веднаш се замрзнува.

Прекинот влијае само на полетувањата, а дојдовните летови сè уште можат да слетуваат, изјави портпаролката. Не е познато колку долго ќе бидат запрени полетувањата.

Затоа, патниците можат да очекуваат откажувања на летови и значителни доцнења и им се препорачува да ја проверат состојбата на своите летови кај авиокомпаниите.

Германската метеоролошка служба (DWD) предупреди на висок ризик од опасни ледени услови во Берлин поради замрзнат дожд и мраз.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: Се надевам дека војната во Украина ќе заврши следната година

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека завршувањето на војната е врвен приоритет на Украина и изрази надеж дека мирот може да се постигне во текот на следната година преку активни дипломатски напори и преговори. Во интервју за француската телевизиска станица Франс 2, Зеленски ја нагласи посветеноста на неговата администрација на мирно решение.

dobivaj vesti na viber

„Навистина се надевам дека за една година ќе има мир во Украина. Ќе направиме сè што можеме. Ова е наш приоритет, мој и на мојот тим. Мојот тим во моментов преговара. Наш приоритет е да ја завршиме оваа војна“, рече Зеленски.

Зеленски нагласи дека Русија се обидува да ги претстави своите ултиматуми како потрага по компромис, а во исто време продолжува да напаѓа цивили и да користи студено оружје како оружје.

Тој рече дека колку повеќе цивили убива Русија, толку е подалечна можноста за постигнување вистински договор.

Тој нагласи дека дипломатскиот пат не значи капитулација или прифаќање на руските ултиматуми, нагласувајќи дека барањето на Москва за повлекување на украинските сили од Донбас е „црвена линија“.

Зеленски истакна дека дури и „замрзнувањето“ на фронтовската линија на нејзините сегашни позиции би било „огромна отстапка“ од страна на Украина, но рече дека останува подготвен за дијалог за зачувување на независноста на земјата.

Коментирајќи ја иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон за продолжување на дијалогот со рускиот лидер Владимир Путин, украинскиот претседател рече дека разговорите се можни, но само „под одредени услови“. Тој додаде дека притисокот врз Русија сè уште не е доволен и дека Путин во моментов ги користи преговорите за да ја понижи Европа, а не во потрага по мир.

Во истото интервју, Зеленски откри дека 55.000 украински војници загинале во четири години тотална војна, додека значителен број ветерани сè уште се водат како исчезнати. Една година претходно, во интервју за Ен-би-си, тој објави повеќе од 46.000 воени жртви.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија2 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија2 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет2 часа

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет2 часа

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет4 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет4 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет4 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет4 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа4 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија11 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија17 часа

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност...

Македонија19 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија20 часа

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија23 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија23 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија1 ден

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија1 ден

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија1 ден

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија1 ден

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...