Црна хроника
Приведени уште двајца скопски нарко-дилери
СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, реализираше два одделни случаи на недозволена трговија со наркотична дрога и оружје, при што во надлежното ОЈО, со две кривични пријави се предадени С.Л. (40) и С.К. (22), двајцата улични дилери од Скопје.
На двајцата од страна на Судија во претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од по 30 денови.
Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиени сознанија за двајцата пријавени дека во текот на овој месец од зесега непознати лица, неовластено набавиле поголема количина на кокаин односно марихуана, кои ги препакувале во помали количини (полиетиленски и хартиени паковки за улична продажба) и истате ги препродавале на уживатели од Скопје, превзеде оперативно мерки и активности за потврдување на сознанието.
Со Наредба од Судија на претходна постапка извршен претрес во домовите на С.Л. и С.К.
Притоа кај С.Л. се пронајдени 6,44 грама кокаин, една дигитална вага, на која по извршеното вештачење се детектирани траги од кокаин, четири куршуми кал. 7,62 наменети за испалување од полуавтоматски пиштол и автомат, како и една рамка од полуавтоматски пиштол „Црвена Застава“, додека кај С.К. се пронајдени 13,05 грама марихуана, гасен пиштол Екол специјал 99, прилагоден во огнено оружје со што овозможува истрелување на проектили од пиштолска муниција со кал 7,65 мм, 67 куршуми пиштолска муниција различен калибар, дробилка за ситнење на марихуана и две дигитални ваги на кои по извршеното вештачење се детектирани траги од марихуана и кокаин.
Двајцата се приведени во службените простории на СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, каде и двајцата не дале појаснување за пронајдената наркотична дрога и оружје во нивните домови, како и за тоа од кого и од каде ги набавиле.
Инаку, С.Л. отслужил казна затвор во трење од една година за извршена разбојничка кражба во Германија, а против С.К. СВР Скопје досега има поднесено три кривични пријави за извршени кривични дела – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, -“тешка телесна повреда“ и “насилство“.
Со овој случај, од почетокот на акцијата “Мрежа“ до сега кривично пријавени се над 150 нарко дилери а запленети се и преку 515 килограми различни видови дрога. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар
Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар.
Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар.
И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.
По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со закана со секира ограбил казино во Битола: уапсен 53-годишен маж
Вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода 53-годишниот С.Р. од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени
Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни ресурси“ по чл.265 од КЗ, ги лишија од слобода 61-годишниот И.А. и 63-годишниот С.А., двајцата од село Јакимово, виничко, 66-годишниот Д.Т. од Кочани, 62-годишниот М.И. и 30-годишниот Ј.М., двајцата од Виница.
Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници на пат во атар на село Калиманци сопреле патничко возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А. со сопатници И.А. и Д.Т. и патничко возило „опел вектра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. од Виница со сопатник Ј.М., при што во двете возила биле пронајдени и одземени метален детектор и алат.
По насоки на надлежен јавен обвинител и по извршени проверки во содејство со кустоси од Музеј „Теракота“ Виница во село Калиманци било констатирано дека пријавените во временскиот период од 13 до 15.12.2025 извршиле ископ.
По наредба на Основен суд Виница, извршени се претреси во домовите на М.И., С.А. и И.А., при што биле пронајдени и одземени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети со различна големина и друг алат. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

