Регион
Турските медиуми на смеат да пишуваат за истрага за корупцијата во власта
Суд во Турција повикувајќи се на пресумпција на невиноста им забрани на домашните медиуми да известуваат за работата на парламентарната истражна комисија за обвинувањата за корупција на четворица поранешни министри на исламско-конзервативната влада на Партијата на правдата и развојот (АКР).
Владиното тело за мониторинг на радијата и телевизиите – RTUK одлуката во средата судската одлука за забрана ја испрати до печатените и аудиовизуелните медиуми во Турција, со напомена дека би можеле да бидат парично казнети доколку не ја почитуваат. Во соопштението објавено и на интернет страницата на RTUK, одлуката којашто ќе стапи сила на 27-ми декември, се образложува со фактот дека некои медиуми „ја нарушиле тајноста на истрагата и начелото на пресумпција на невиност“.
Турскиот парламент под притисокот на опозицијата започна истрагата против четворица поранешни министри вмешани во голема корупциската афера која во декември 2013 година ја потресе владата на тогашниот премиер Реџеп Тајип Ердоган, кој годинава победи надмоќно на претседателските избори.
Поранешните министри за внатрешни работи, за економија и за заштита на природната околина, мораа да поднесат оставки откако беа притворени нивните синови, а нивниот колега во ресорот за европски работи беше сменет. Така, поранешниот министер за економија, Зафер Каглајан, е обвинет дека примил мито за да овозможи продажба на илегално злато на Иран кој е под меѓународно ембарго. За тоа, меѓу другото, примил и скапоцен рачно изработен швајцарски рачен часовник во вредност од 210.000 евра. Владата тогаш реагираше со невидена чистка во полицијата и во правосудство, коешто потоа ги откажа сите судски постапки кои и’ се закануваа.
Сегашната забрана за медиумите дојде еден ден пред, во четврток, парламентарната истражна комисија да го сослушува еден од четворицата поранешни министри. Опозицијата предупреди дека комисијата сака да се откаже од судскиот процес.
Повеќе турски медиуми најавија дела ќе се жалат на ваквата одлука којашто ги оневозможува да ги објавуваат сознанијата од аферата којашто може да биде многу непријатна за актуелната власт.
Западните сојузници на Анкара честопати ја критикуваа од јуни 2013 година кога избија антивладините демонстрации низ цела Турција ги обвинуваат нејзините власти дека редовно ги замолчува медиумите во врска со чувствителните прашања. Како пример се наведува и неодамнешното ослободување на 40-ина турски заложници меѓу кои и дипломати и војници, кои во Ирак беа грабнати од џихадистите на Исламската држава (IS), а подоцна по неколку седмици беа ослободени. Остана непознато, како припадниците на турското разузнавање наводно ја извеле операцијата за ослободување, а во медиумите се шпекулираше дека Анкара за возврат платила откуп или од затвор пуштила сунитски екстремисти./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Снег падна и на Крит и островите во Егејот, дел од училиштата затворени
Снег падна во Грција, на полуостровот Халкидики и на островите во северниот Егеј – Лимнос, Лезбос, Хиос и Споради, како и на планините околу Атина, но и на Евија и Крит.
На Крит сообраќајот на места беше во прекин поради силен град.
Поради временските услови, работата на повеќе училишта е прекината, а наставата се одвива онлајн таму каде што е можно.
Иако температурите се над нулата, снегот и понатаму се задржува.
Фото: pexels
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос

