Регион
Путин и Додик не разговарале посебно за референдумот во Република Српска

Претседателот на ентитетот Република Српска, Милорад Додик, изјави во четвртокот доцна ноќта дека од рускиот претседател Владимир Путин добил поддршка за напорите за одржување на стабилноста во регионот на западен Балкан, како и за Дејтонскиот договор, но дека за прашањето за спроведување на референдумот во Република Српска закажан за 25-ти септември, не разговарале посебно.
„Што се однесува до референдумот, тука немаше некои посебни разговори, освен констатацијата дека тоа е право на народот“, изјави претседателот на Република Српска Милорад Додик за телевизискиот јавниот сервис на ентитетот РТРС.
Рускиот претседател Владимир Путин го прими Додик во доцните вечерни часови, а руските медиуми на оваа средба не ѝ посветија особено внимание. Во штурите и ретки вести за оваа посета, беше наведено дека Путин и Додик, кој е претставен како челник на ентитетот во состав на Босна и Херцеговина, разговарале „за состојбата на Балканот и меѓусебните односи, како и за актуелните меѓународни прашања“.
Додик во својата изјава рече дека средбата била можност да го запознае Путин „со развојот на политичката ситуација во БиХ, како и да го искаже своето мислење за тоа“.
„Најважната тема беше нашата економска соработка и нашите економски односи“, рече Додик потенцирајќи ја соработката на преработката на нафта, односно рафинеријата во Босански Брод, која претходно ја купи руската компанија „Зарубежнефт“.
Политичките прашања биле во врска со спроведувањето на Дејтонскиот договор, при што Путин рекол дека е многу заинтересиран за стабилноста во регионот и почитувањето на меѓународните договори. „Русија се занимава со Дејтонскиот договор и речено е дека така и ќе остане“, рече Додик./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.
Регион
70-годишен маж почина во Хрватска: бил силуван и претепан од 36-годишник

Седумдесетгодишен маж од Чаковец, кој бил нападнат на почетокот на март, починал пред неколку дена во болница, пренесуваат хрватските медиуми. Нападот се случил на 8 март кога 36-годишен познаник го намамил во напуштена куќа во Чаковец, каде што го силувал, претепал и ограбил под закана со нож.
И покрај сериозните повреди, човекот успеал сам да стигне до болницата во Чаковец, каде што лекарите го прегледале и го пуштиле дома. Следниот ден отишол да го пријави злосторството во полиција, и повторно бил однесенво болница. Сепак, тој бил отпуштен по втор пат бидејќи лекарите процениле дека нема потреба да го задржат.
Семејството е огорчено од начинот на кој болницата постапила во случајот, истакнувајќи дека човекот бил во сериозна состојба и двапати бил отпуштен дома и покрај сериозните повреди на главата.
На крајот бил хоспитализиран во болница, каде што ги поминал последните денови од својот живот, пишуваат тамошните медиуми.
Напаѓачот, кој веќе ѝ бил познат на полицијата, бил уапсен кратко време по инцидентот. Тој е обвинет за силување и грабеж.
Канцеларијата на државниот обвинител на округот Вараждин, исто така, се огласи за случајот. Портпаролот Дарко Галиќ потврди дека истрагата е сè уште во тек.
„Со оглед на смртта на жртвата, ова повеќе не е кривично дело обид за убиство, туку убиство. Обвинетиот е во притвор. Истрагата ќе ги опфати потребните вештачења и други доказни дејствија, врз основа на кои ќе се донесе одлука за понатамошниот тек на постапката“, рече Галиќ.
Регион
Српски политичар објави фотографија: „Вучиќ седи во задниот ред кај шефот Путин“

Никола Сандуловиќ, претседателот на српската Републиканска партија, на Фејсбук сподели фотографија од вчерашниот прием на светските лидери во Москва, на која се гледа каде бил поставен српскиот претседател Александар Вучиќ во однос на другите светски лидери.
„Еве колку вреди српскиот диктатор Александар Вучиќ во вистинската меѓународна политика… тој седи во задниот ред кај својот шеф Путин, како и на сите други важни меѓународни состаноци каде што се собираат претседателите на земјите.
Само во Србија тој може, преку лаги, измислици и сопствени мистификации, да се претстави како значајна политичка фигура на меѓународната сцена… инаку, на овие собири секогаш може да се види што мислат за него и како се однесуваат кон него“, напиша Сандуловиќ.
Вучиќ пристигна во Москва за да присуствува на големата воена парада на Црвениот плоштад по повод 80-годишнината од победата над фашизмот.