Европа
Собири за поддршка на мигрантите и Грција, во Берлин, Рим и Париз

Повеќе илјади луѓе се собраа во саботата во Германија, Италија и Франција во знак на солидарност со бегалците кои доаѓаат во Европа и против мерките за штедење наметнати на Грција.
Повеќе од 3.700 луѓе според полицијата а 10.000 според организаторите, во поворка во германската престолнина Берлин ги поддржаа мигрантите во Европа и изразија противење на мерките за штедење коишто ги бараат од Грција нејзините доверители, објави локалната полиција.
Демонстрантите се собраа под мотото „Поинаква Европа“ на повик на разните лево ориентирани организации и опозициски партии Левица (Die Linke) и Зелени.
Поворката тргна од плоштадот Круцберг во раните попладневни часови кон Бранденбуршката капија. Мирната поворка ги истакна слоганите за поддршка на мигрантите на Светскиот ден на мигрантите, а беше скандирано „Без граници, без нации, прекинете ги депортациите, кажете гласно и јасно дека бегалците се добредојдени“, пренесува AFP.
Некои од учесниците во поворката носеа и грчки знамиња, давајќи поддршка за земјата којашто се наоѓа во критичната фаза од преговорите со меѓународните доверители и ѝ се заканува банкрот и излегување од еврозоната. „Неснослива е технократската, студена, неолибералната Европа којашто ја предводи Германија“, пишуваше на еден транспарент.
„Тука сме да ја спасиме нашата Европа, со имигрантите, со бегалците и Грција“, Европа мора да им припаѓа на сите, а не само на Германците и на банките“, изјави 66-годишен учесник на
Во Минхен се одржа митинг под мотото „Солидарност со Грција, заедно против европскиот диктат за штедење“, како и во француската престолнина Париз каде на протестот учествувале повеќе стотици луѓе.
Во италијанската престолнина Рим, пак, на дождливо време стотина лица пред Колосеумот се собра за поддршка на бегалците со паролата „Веднаш прекинете го масакрот“, како и со солидарност со Грција.
Прашањето на бегалците и мигрантите се заостри последните месеци во Европа по повеќето потонувања на бродови преполни со бегалци во Средоземното Море, секогаш со голем број мртви.
Европската унија наскоро ќе започне поморска операција за спречување на криумчарењето на луѓе на Медитеранот и се размислува за воведување квоти кои за распоредување на бегалците во секоја од земјите во Европската унија. Но таа идеја не е еднодушно прифатена во европските престолнини, па така во саботата во Братислава Словаците протестираа за бегалските квоти./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.