Европа
Украина призна дека уапсила две руски новинарки

Двете руски новинарки коишто работат за руската глобална телевизиска мрежа LifeNews се уапсени и наскоро ќе бидат протерани од Украина, изјави во петокот попладнето шефот на Службата за безбедност на Украина, Маркијан Лубкивски, откако претходно редакцијата го загуби контактот со двете новинарки во украинската престолнина Киев, а тамошните власти досега не даваа никакви информации каде се наоѓаат, истовремено Москва побара итно да бидат ослободени.
„Украинската безбедносна служба приведе две руски државјанки кои работат како новинарки за LifeNews. Нивната дозвола за престој е поништена и ќе бидат прогонети од нашата земја со забрана за влез во Украина на три години“, напиша челникот на СБУ, Маркијан Лубкивски на Facebook.
„Нивната работа нема никаква врска со новинарството и им нанесува штета на безбедноста и на интересите на Украина“, додаде.
Од LifeNews, каде претходно се сомневаа дека нивните новинарки се приведени од украинските безбедносни структури, ја потврдија информацијата за нивното приведување,
Меѓутоа, генералниот директор на телевизијата Арам Габрелјанов обвини дека новинарката Елизавета Храмцова и снимателката Наталија Калишева се приведени под лажно обвинување дека ја снимале зградата на украинската служба во Киев, како и дека можеби нешто знаеле во врска со заканата за поставена бомба за што наводно информации имала СБУ.
Габрелјанов во писмото до организациите за заштита на правата и слободите на новинарите истакна дека „новинарите на LifeNews ги извршувале своите професионални задачи и не ги нарушиле законите на Украина, покривајќи ги настаните во Киев“.
Инаку ова не е прв инцидент и приведување на новинарите на телевизијата LifeNews во Украина. Двајцата новинари Олег Сидјакин и Марат Сајченко украинските сили во мај минатата година ги затворија и една седмица ги држеа во заточеништво без образложение во околината на Краматорск, бунтовничко упориште во рускојазичните источни региони.
На почетокот од јануари годинава, следејќи го протестот во центарот на Киев новинарките на оваа телевизија Жана Карпенко и Александра Улјанова беа нападнати од поголема група лица кои им ја скршила опремата за снимање. Неколку дена претходно тие беа нападнати исто така во центарот на украинската престолнина за време на ткн манифестација марш на факелите во организација на украинските ултранационалистичките партии и движења, при што новинарките биле физички нападнати, а им биле одземени мобилните телефони и камерата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин