Европа
Пушилин: Убиствата во Киев се „националистички терор“
Ситуацијата во Украина се „претвори во националистички терор“, изјави во петокот потпретседателот на ткн парламент на самопрогласената Донецка народна република на побунетиот рускојазичен исток на земјата, Денис Пушилин, оценувајќи ги како чисто политички убиствата од претходните денови во Киев на новинарот Олес Бузина и на Олег Калашников, поранешниот пратеник од Партијата на регионите на соборениот украински претседател Виктор Јанукович.
Новинарот Олес Бузина беше убиен во четвртокот во дворот на неговиот дом во украинската престолнина Киев. Беше познат по својата поддршка на процесот на федерализација на Украина и широка употреба на украинскиот и на рускиот јазик. Бузина беше соработник на рускиот портал RIA.RU. Неколку дена претходно, исто така, во својот дом беше убиен и поранешниот пратеник од порано владејачката Партија на регионите, Олег Калашников.
Украинското министерство за внатрешни работи ги разгледува сите верзии за убиствата, во прв ред поврзаноста со нивната општествено политичка активност.
„Убиени се двајца луѓе коишто искажуваа поинакво мислење од украинските власти (…) Ситуацијата се претвори во националистички терор. Доколку ваквите работи порано ги забошотуваа како самоубиства, сега тие ги изведуваат среде бел ден“, изјави Пушилин за агенцијата РИА.
Во последниот период во Украина се случија низа убиства кои имаа одек и во Украина и во Русија, бидејќи станува збор за лица кои беа препознатливи по ставовите за поголема поврзаност меѓу двете земји. Неодамна беше известено за самоубиствата на двајцата поранешни пратеници во Врховната Рада (парламентот) на Украина од Партијата на регионите, Михаил Чечетов и Станислав Мелник. Опозицијата тогаш за овие смртни случаи ја обвини сегашната прозападна власт во Киев. Во март, поранешниот гувернер на Запорошкиот региони, исто така поранешен пратеник на Партијата на регионите, Александар Пеклушенко, почина по здобиени огнострелни рани.
Убиството на украинскиот новинар Бузина во строгиот центар на Киев остро во четвртокот го осуди и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ. „Овој ужасен чин е уште еден потсетник за опасностите со кои се соочуваат новинарите при извршувањето на нивните должности. Убиството мора да биде веднаш и темелно истражено од надлежните органи“, побара од украинските власти.
Ова убиство го осуди и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, кој изрази надеж дека украинските власти ќе спроведат сеопфатна истрага за убиството на новинарот. „Полагаме големи надежи дека украинскиот власти ќе спроведат целосна истрага за овој инцидент“, изјави портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дужарик./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.