Контакт

Надворешна политика

Адеми со Даниелсон со поддршка за Специјалното јавно обвинителство

Објавено пред

За време на работната посета во Брисел, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбр Адеми, оствари средба и со генералниот директор на Директоратот за проширување и соседска политика на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, при што двајцата се заложија, меѓудругото, и за понатамошна поддршка на Специјалното јано обвинителство.
 

dobivaj vesti na viber

За време на работната посета во Брисел, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбр Адеми, оствари средба и со генералниот директор на Директоратот за проширување и соседска политика на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, при што двајцата се заложија, меѓудругото, и за понатамошна поддршка на Специјалното јано обвинителство.

 

Актуелната политичка состојба во земјата, активностите поврзани со организацијата на претстојните парламентарни избори, Итните реформски приоритети и ИПА фондовите, беа дел од темите за кои се дискутираше за време на средбата.„Во однос на политичката состојба, вицепремиерот Адеми се осврна на обврските кои произлегуваат од договорот од 20 Јули, притоа двајцата соговорници констатираа дека оценката на политичките лидери дека се исполнети условите за организација на парламентарните избори, е позитивен исчекор. Во претстојниот период потребно е да се вложат напори да се организираат демократски, кредибилни и инклузивни избори чии резултати ќе бидат широко прифатени.Од аспект на Итните реформски приоритети, Адеми нагласи дека е потребно да се продолжи со реaлизација на предвидените мерки и активности, имајќи предвид дека станува збор за области кои се од суштинско значење за реформите поврзани со процесот на европска интеграција на земјата“, соопштија од неговиот кабинет.Адеми нагласи дека останува посветеноста за целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор, кој претставува камен темелник за понатамошно унапредување на меѓуетничките односи и соживотот во земјата.Меѓу другото, соговорниците се согласија дека треба да продолжи поддршката за работата на Специјалното јавно обвинителство.Адеми истакна дека помошта која земјата ја добива од ЕУ преку ИПА фондовите е од суштинско значење за спроведување на реформите кои се значајни не само за државата, туку и за граѓаните. Токму затоа се прават максимални напори да се подобрат капацитетите за апсорбција и да се обезбеди поефикасно искористување на средствата.Во тој контекст, заеднимки се констатира дека треба да продолжи праксата на блиска соработка и координација меѓу државните институции и Европската комисија со цел да се адресираат препораките од досегашните научени лекции и да се обезбеди поефикасна имплементација на проектите./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Регион59 минути

Црна Гора се поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската...

Македонија1 час

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...

Европа3 часа

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски...

Свет3 часа

Израелски заложник за држењето во Газа: Бев гол, само се молите на Бога да престане

Ром Браславски, неодамна ослободен израелски заложник, тврди дека бил подложен на „ужасна“ и понижувачка сексуална злоупотреба додека бил во заробеништво...

Европа4 часа

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет4 часа

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...

Свет4 часа

Хамас предаде уште едно тело на Црвениот крст во Појасот Газа

Хамас ги предаде останките на уште еден заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа. Според Хамас, останките...

Европа4 часа

Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон

Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата. Аеродромот...

Свет4 часа

Путин: Она што Трамп го објави е сериозно, принудени сме да реагираме

Русија ја има најсовремената нуклеарна тријада во светот, изјави во среда портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека е...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на...

Македонија21 час

Со 205 милиони евра од Британците изградбата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почне најдоцна на почетокот на следната година

Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна...

Топ21 час

Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата

МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар. При судир...

Македонија22 часа

До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување...

Регион22 часа

Еден кат подолу од пеколот: фотографот зборуваше за човекот покрај прозорецот во домот во Тузла

Eдинаесет лица загинаа во пожарот што го зафати пензионерскиот дом во Тузла, а дополнително 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот...

Регион1 ден

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Бугарија: „На 5. кат сме, се тресевме 10-ина секунди“

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 8.16 часот наутро, а беше почувствуван и...

Македонија1 ден

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде што го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво...

Европа1 ден

Вучиќ сака да продава муниција на Европа, реагира Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребено против нас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција...

Регион1 ден

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Свет1 ден

(Видео) Мамдани: Трамп, знам дека ме гледаш, имам четири збора за тебе

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин, во кој на остар начин рече дека „градот што...