Европа
Трагедија во Русија, 13 деца и еден возрасен се удавија во езеро

Најмалку 13 деца и едно возрасно лице кои престојувале во летен камп се удавиле во неделата во северозападна Русија, кога за време на невреме се превртил мал брод, објавија во неделата руските иследници.
Несреќата се случила во кампот на „Парк хотелот Сјамозеро“ во републиката Карелија, кога две бротчиња и еден гумен чамец со вкупно 47 деца и четворица возрасни лица инструктори, биле зафатени од бура. Досега се спасени 36 лице.
Според досегашните сознанија, децата главно на возраст меѓу 12 и 15 години од посиромашни семејства, не носеле појаси за спасување, а најмалку десет од настраданите се деца од Москва.
Истрагата е насочена кон тоа кој дозволил, бидејќи не станувало збор за организирана туристичка партија, и дали сите биле обезбедени со опрема за спасување, и како бил планиран излетот.
Од руската агенција за туризам објавија дека децата биле опремени со опрема за спасување, но непознато е зошто е пренебрегнато предупредувањето за невреме кое на сила било од петокот, како и дека сите организирани туристички групи биле на брегот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Мелони: Папата ми рече дека е подготвен да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Италијанската премиерка Џорџa Мелони изјави дека папата Лав во телефонски разговор со неа ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин на следната рунда разговори во Ватикан, со цел да се обиде да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина.
Откако ја виде потврдата од Светиот Отец за неговата подготвеност да биде домаќин на следните разговори меѓу страните во Ватикан, премиерката рече дека изразува длабока благодарност до папата Лав XIV за неговата континуирана посветеност на мирот.
Во посебна изјава, италијанската премиерка рече дека разговарала за следните чекори со други европски лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Беше договорено да се одржи тесна координација меѓу партнерите со цел нова рунда преговори насочени кон прекин на огнот и мировен договор во Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Автобус полн со деца удри во камион во Италија: камерите го снимија судирот

Автобус што превезувал ученици удрил во камион на автопатот Педемонтана, во областа Комо. Камерите на автопатот го снимија судирот, при што возачот на автобусот не закочи, туку удри во камионот пред него. 43-годишна наставничка починала на самото место, а две деца биле повредени.
Камерите инсталирани по должината на автопатот ја снимија несреќата што се случи попладнето во понеделникот, 19 мај, непосредно пред тунел. Автобусот, кој превезувал 30 лица, од непознати причини удрил во камионот пред него.
Во судирот потоа учествувале уште четири возила, кои се движеле во иста насока. Во несреќата беа повредени 27 деца на возраст меѓу 6 и 9 години, кои биле во автобусот, двајца наставници (од кои едниот починал на самото место) и возачот на автобусот. Возачот на камионот, кој бил прв во редот, остана неповреден.
На видео објавено од „Кориере дела сера“ може да се види бел автобус како вози со голема брзина по десната лента од автопатот кога околу 16.30 часот, наместо да закочи, удира во камион пред него. Судирот бил силен и предизвикал облак од прашина, што дополнително ја намалил видливоста на возилата што доаѓаат од спротивната насока.
Автобусот превезувал 27 ученици од прво и четврто одделение од основно училиште. Децата се враќале дома од екскурзија, придружувани од две наставнички. Едната од нив, 43-годишна, седела во првите редови и била заробена во возилото. Пожарникарите ја извлекле, но таа веќе била мртва.
Европа
Сите мобилни оператори престанаа да работат: хаос во Шпанија, по прекинот на електричната енергија, повторно проблем

Сите поголеми мобилни оператори престанаа да работат во цела Шпанија, само четири недели по претходниот прекин на електричната енергија во целата земја.
Ова ги вклучува водечките мрежи во земјата, како што се „Мовистар“, „Оринџ“, „Водафон“, „Дигимобил“ и „О2“, пишува „Метро“.
Според веб-страницата на „Даундетектор“, проблемите почнале околу 5 часот утрово.
Ова влијае на поголемиот дел од земјата, вклучувајќи ги и поголемите градови, како Мадрид, Малага, Барселона, Валенсија, Мурсија, Севилја и Билбао.
Главните проблеми на кои се жалат луѓето вклучуваат целосно губење на сигналот, целосно блокирање на мрежата и проблеми со интернетот. Исто така, беа погодени и 112 линии за итни случаи.
Подрачјата на Баскија, Арагон и Валенсија беа исто така погодени.
Шпанската телекомуникациска компанија „Телефоника“ потврди дека работи на обновување на услугите откога телефонските и интернет-врските беа прекинати. Во меѓувреме, телефонските линии за итни случаи се обновени во Арагон, но проблемите продолжуваат во другите делови од земјата. Според весникот „Ел Корео“, биле извршени некои работи за подобрување на мрежата, што влијаеле на одредени услуги.
Луѓето се жалат на социјалните мрежи за прекинот.
Пред четири недели во Шпанија иво Португалија се создаде паника и масовни купувања кога голем прекин на електричната енергија парализира големи делови од двете земји. Речиси 50 милиони луѓе беа погодени, метрото и возовите беа стопирани, а семафорите не работеа.
Телефонските услуги исто така беа во прекин, а банкоматите не работеа.