Црна хроника
Спречен обид за шверц на текстил и лекови со коњи од Македонија за Косово
Полицијата во петок кај Долно Блаце спречи обид за шверц на разна стока со коњи од Македонија за Косово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Припадници на граничната полиција вршејќи патрола во близина на месноста викана Плажа, Долно Блаце, вчера околу 20 часот забележале едно лице со натоварени два коња кое се движело во правец од Македонија кон Косово.
При обид на полициските службеници да го запрат, лицето ги оставило коњите и избегало кон Косово.
Криумчарената стока била донесена во полициската станица Блаце и било утврдено дека се работи за разновиден текстил и медикаменти од кои: палта, панталони, кошули, вратоврски, потоа ампули кетонал, хигиа шампон, аминофилин ретард, трамадол, ефедрин капки за нос, синтром антикоагулант, ацикловир маст, флажил, халдол таблети, далерон, нутрикомп течност, како и еден апарат за сечење стакло за диоптрија и сталажи за изложување на накит.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на инволвираните лица.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

