Европа
Захарченко: Украинските војници масовно минуваат на страна на милициите

Украинските војници во последно време масовно преминуваат на страна на ткн народни милиции на самоодбраната во побунетите источни региони на земјата, изјави во саботата ткн премиер на самопрогласената Донецка народна република, Алекансдр Захарченко, етнички Украинец.
„Еден од командантите на 25-та моторизирана бригада го зема оклопното возило и премина на наша страна. Тој од денеска ја презема командата на една чета. Сметам дека наскоро во Дмитровка и Кожевно (села на границата со Русија каде што украински единици се опколени од бунтовниците), ќе се предадат и други единици“, изјавил на прес-конференција во Донецк, самопрогласениот премиер Александр Захарченко, пренесува РИА Новости, при што се истакнува дека тој и самиот до неодамна исто така бил командант на единица на бунтовничките сили. Според него, ваквите случаи произлегуваат од тоа што припадниците на „регуларната армија на Украина, нејзиниот професионален кадар, не сфаќаат зошто тие се тука, зошто војуваат и за што умираат“. „А ние војуваме за својата земја, за своите деца, за своите домови. Ние се наоѓаме на своја земја, а ние имаме за што да се бориме. Моралот на секоја единица која се бори за својот дом, е поголем отколку кај која и да е сила која војува за пари или не разора зошто се бори“, смета Захарченко.Според него, „повеќето украински војници не се непријатели, туку се наши сојузници“. Особено Захарченко истакнал дека „постојат дури и случаи во кои украинската армија влегува во судири со баталјоните ‘Днепар’ и ‘Ајдар’ (кои според бунтовниците се составени од припадници на милитантното крило Десен сектор на националистичката партија Свобода и од платеници). Според самопрогласениот премиер на Донецката народна република, „во моментов недалеку од Иловајска, се разменува артилериски оган меѓу украински војници и баталјони на територијалната одбрана (кои се во составот на украинската Национална гарда).Во јуни голем публицитет во руските и во украинските медиуми добија извештаите за меѓусебните борби на аеродромот крај Луганск меѓу десантните единици од Л’вов и од Днепропетровск./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин