Европа
Картер: НАТО може да распореди 4.000 војници во балтичките земји и Полска

НАТО ја разгледува можноста за распоредување на четири илјади војници во балтичките земји и Полска според предлогот на источните сојузнички кои се загрижени поради „агресивното однесување“ на Русија, изјави американскиот министер за одбрана Ештон Картер за новинарите со кои патуваше ноќта во понеделникот во Германија.
Балтичките земји, поранешни советски републики, Естонија, Литванија и Латвија, кои на НАТО му пристапија во 2004 година, побарале поголема воена присутност на алијансата за да се заштитат од наводните закани од Русија, поради нејзиното однесување во врска со украинската криза, особено откако по превратот во Киев, во март 2014 година мнозинското руско и рускојазично население на црноморскиот полуостров Крим на референдум си ја поврати автономијата и изгласа присоединување кон Руската Федерација, што западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.
Литванија, Латвија и Естонија, кои по Втората светска војна поради нивната улога се присоединети кон поранешниот СССР до 1991 година, стравуваат дека Русија ќе ги дестабилизира и бараат постојано присуство на силите на НАТО на нивните територии
Трите балтички држави членки на НАТО, Латвија, Литванија и Естонија, се многу зависни од руските енергенси, а Латвија и Естонија имаат и големи руски малцинства додека на рускојазичните граѓани им го одредуваат статусот „недржавјани“ со кои им се ограничуваат некои права поради што се често критикувани од ОН и ЕУ. Во Латвија живеат 26 отсто Руси, во Литванија околу 6 проценти, а во Естонија тие сочинуваат 25 отсто од населението.
Американскиот министер за одбрана Ештон Картер признал дека НАТО размислува за распоредување на четири баталјона во балтичките земји во Полска. Според весникот The Wall Street Journal, тоа би значело вкупно 4.000 бојници кои би ги распоредиле САД и нејзините сојузници.
„Тоа е една од опциите за кои разговаравме“, рекол Картер без да изнесува поединости пред новинарите кои ќе ја следат неговата тридневна посета на Германија, пренесува Reuters. Според други американски функционери кои ги брифирале новинарите, целта е во Европа да се примират сојузниците „загрижени од агресивните постапки на Русија“.
Како што објавија во февруари годинава функционери од Алијансата, НАТО сака да ја го засили своето источно крило на самата руска граница, но сепак не сака со стационирање постојани сили да го предизвикува Кремљ. НАТО тврди дека ќе го почитува својот договор со Русија од 1997 година, според кој Алијансата се обврзала да нема постојани борбени единци во источна Европа.
Засега се споменува дека НАТО би можел да има по една бригада од по илјада војници во секоја од шесте земји на источна Европа – Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Бугарија и Романија. Тие бригади би ја имале поддршката од силите за брза реакција договорени на самитот во Велс, кои вклучуваат воздушни, копнени и поморски сили, а кои имаат околу 40.000 војници.
Картер во Германија ќе се сретен со американскиот генерал Кертис Скапароти кој е именуван за нов командант на НАТО за Европа, и го наследува генералот Филип Бридлав на должноста. Скапароти на сослушувањето во април во Сенатот рече дека „Русија сé поагресивно се однесува, против меѓународните стандарди и дека често го крши меѓународното право“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин