Европа
Захарченко: Жените чии тела се најдени во Красноармијск се силувани и застрелани во тилот
Премиерот на самопрогласената ткн Народна Република Донецк, Александр Захарченко, откако претходно во петокот претпладнето објави дека од 400 жени на возраст меѓу 18 и 25 години кои се водат како исчезнати од градот Красноармијск во близина на најголемото упориште на проруските бунтовници во источна Украина, пронајдени се телата на 286 жени, попладнето дополни дека на нив се видливи траги на злосторства, а Киев соопшти дека нема информации за исчезнувања, додека претставници на Human Rights Watch (HRW) соопштија дека ќе ги проверат информациите.
Премиерот на самопрогласената ткн Народна Република Донецк, Александр Захарченко, откако претходно во петокот претпладнето објави дека од 400 жени на возраст меѓу 18 и 25 години кои се водат како исчезнати од градот Красноармијск во близина на најголемото упориште на проруските бунтовници во источна Украина, пронајдени се телата на 286 жени, попладнето дополни дека на нив се видливи траги на злосторства, а Киев соопшти дека нема информации за исчезнувања, додека претставници на Human Rights Watch (HRW) соопштија дека ќе ги проверат информациите.
Во градот Красноармијск во источната украинска Донецка област, која е центар на бунтот на рускојазичното население, како исчезнати се водат речиси 400 жени на возраст меѓу 18 и 25 години, а последните денови биле откриени 286 женски тела, објави Захарченко. Според него, во градот бил распореден баталјонот ’Дњепар-1’ на украинските сили лојални на прозападните власти во Киев.
„Што е баталјонот ’Дњепар-1’? 381 девојки на возраст од 18 до 25 години според ситуацијата од 14-ти октомври годинава се исчезнати. 286 тела на жени застрелани во тил, во глава, се најдени во насадите, во шумите крај Красноармијск со факти дека се силувани – тоа е баталјонот ’Дњепар-1…“, изјави Захарченко, откако од Киев беше негирано дека припадници на оваа единица биле распоредени во споменатиот град со околу 80 илјади жители од кои мнозинството се Украинци кои како мајчин јазик го наведуваат рускиот, а има регионално значење во Донецката област како железнички јазол.
Во Красноармијск (Красноармејск, на руски) според тврдењата на проруските бунтовници бил распореден баталјонот „Дњепар-1“ составен од доброволци од западните делови на Украина кои медиумите ги нарекуваат „платеници“, од самиот почетокот воената операција од април со којашто новите власти во Киев сакаат да ја преземат контролата врз југоисточните области кои ги контролираат проруските бунтовнички милиции.
Од своја страна, Советот за национална безбедност на Украина, по овие обвинувања соопшти дека не е запознаен за наводните исчезнувања и егзекуции на стотици жени во источна Украина.
„Нам ништо не ние познато за такви бројки. Човекот (Захарченко – з.р.) шири некои застрашувачки приказни“, изјави за медиумите портпаролот на Советот, Андриј Лисенко.
Од своја страна, пак, украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков ги демантираше овие обвинувања. „Ниеден факт не беше потврден, кога тие (бунтовниците) изминативе месеци тврдеа за пронаоѓање такви масовни гробници“, изјави во петокот во Киев Аваков, пренесуваат украинските медиуми.
Истовремено претставничката на меѓународната невладина организација за човекови права Human Rights Watch (HRW) во Москва, Татјана Локшина, за РИА Новости изјави дека ќе се обиде да ги испита споменатите наводи за време на престојот во источна Украина, вклучително и информации за откриените гробници со телата на жените.
„Планираме уште една посета. Тоа е едно од прашањата (за масовните гробници) за коишто сме заинтересирани и ќе се обидеме да дознаеме“ за веродостојноста на таквите тврдења, додала Локшина.
Таа потсетува дека активистите и експертите на организацијата работат во Украина повремено, со ротации а не постојано. „Во моментов таму нема наши луѓе… Следниот пат, се надевам, и самата ќе можам да отпатувам кон средината на ноември. Кога се појавуваат информации од овој вид, ние ги регистрираме и по можност се обидуваме да дознаеме за што се работи и да ги утврдиме фактите“, додала заменичката на директорот на HRW во московската канцеларија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Започна вториот ден од разговорите во Абу Даби, Рубио: Има добри и лоши вести
Вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, насочени кон решавање на војната, започна во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Ова го објави Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пренесува Украинска правда.
„Вториот ден од преговорите во Абу Даби започна. Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, работа во групи, а потоа усогласување на ставовите. Резултатите ќе следат“, објави Умеров на Фејсбук.
Коментирајќи го напредокот на разговорите во Абу Даби на 4 февруари, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека има и добри и лоши вести. Според Рубио, добрата вест е дека списокот на нерешени прашања што постоеја меѓу Украина и Русија е значително стеснет. Украинската делегација подготвува извештај до претседателот Володимир Зеленски за резултатите од првиот ден од преговорите.

Украинската делегација во Абу Даби ја сочинуваат секретарот Рустем Умјеров, шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, и неговиот прв заменик Серхиј Кислица, лидерот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Арахамија, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Хнатов, и советникот на кабинетот на претседателот, Олександр Бевз.
Според Умјеров, украинскиот тим во Абу Даби планирал и билатерален состанок со американската страна, претставена од специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тие требало да разговараат за документ за безбедносни гаранции и план за просперитет.

Трилатералните разговори во Обединетите Арапски Емирати се одржуваат по големиот руски напад врз Украина. По последниот напад, претседателот Володимир Зеленски во вторникот изјави дека работата на украинскиот преговарачки тим ќе биде „прилагодена“.
Европа
Берлинскиот аеродром ги одложи сите полетувања поради снег и замрзнат дожд
Аеродромот во Берлин утрово соопшти дека сите полетувања се откажани поради временските услови, бидејќи свеж снег и замрзнат дожд го погодија регионот на германскиот главен град.
„Моментално нема полетувања на аеродромот Берлин-Бранденбург поради временските услови“, соопштија од аеродромот, објаснувајќи дека авионите не можеле да се одмрзнат поради дождот, кој веднаш се замрзнува.
Aufgrund der Wetterbedingungen sind derzeit keine Starts möglich. Bitte überprüfe den Flugstatus bei deiner Fluggesellschaft. pic.twitter.com/24cLdrNg5L
— BER – Berlin Brandenburg Airport (@berlinairport) February 5, 2026
Прекинот влијае само на полетувањата, а дојдовните летови сè уште можат да слетуваат, изјави портпаролката. Не е познато колку долго ќе бидат запрени полетувањата.
Затоа, патниците можат да очекуваат откажувања на летови и значителни доцнења и им се препорачува да ја проверат состојбата на своите летови кај авиокомпаниите.
Германската метеоролошка служба (DWD) предупреди на висок ризик од опасни ледени услови во Берлин поради замрзнат дожд и мраз.
Европа
Зеленски: Се надевам дека војната во Украина ќе заврши следната година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека завршувањето на војната е врвен приоритет на Украина и изрази надеж дека мирот може да се постигне во текот на следната година преку активни дипломатски напори и преговори. Во интервју за француската телевизиска станица Франс 2, Зеленски ја нагласи посветеноста на неговата администрација на мирно решение.
„Навистина се надевам дека за една година ќе има мир во Украина. Ќе направиме сè што можеме. Ова е наш приоритет, мој и на мојот тим. Мојот тим во моментов преговара. Наш приоритет е да ја завршиме оваа војна“, рече Зеленски.
Зеленски нагласи дека Русија се обидува да ги претстави своите ултиматуми како потрага по компромис, а во исто време продолжува да напаѓа цивили и да користи студено оружје како оружје.
Тој рече дека колку повеќе цивили убива Русија, толку е подалечна можноста за постигнување вистински договор.
Тој нагласи дека дипломатскиот пат не значи капитулација или прифаќање на руските ултиматуми, нагласувајќи дека барањето на Москва за повлекување на украинските сили од Донбас е „црвена линија“.
Зеленски истакна дека дури и „замрзнувањето“ на фронтовската линија на нејзините сегашни позиции би било „огромна отстапка“ од страна на Украина, но рече дека останува подготвен за дијалог за зачувување на независноста на земјата.
Коментирајќи ја иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон за продолжување на дијалогот со рускиот лидер Владимир Путин, украинскиот претседател рече дека разговорите се можни, но само „под одредени услови“. Тој додаде дека притисокот врз Русија сè уште не е доволен и дека Путин во моментов ги користи преговорите за да ја понижи Европа, а не во потрага по мир.
Во истото интервју, Зеленски откри дека 55.000 украински војници загинале во четири години тотална војна, додека значителен број ветерани сè уште се водат како исчезнати. Една година претходно, во интервју за Ен-би-си, тој објави повеќе од 46.000 воени жртви.

