Контакт

Бизарно

Жена стана Пинк Пантер користејќи природна козметика

Објавено пред

Дека задолжително треба да се читаат упатствата за користење на разните производи, неодамна буквално на сопствената кожа се увери млада Британка, обожавателка на природните козметички производи на „Lush“, чии лице и тело по користењето на еден од нив добиле интензивно розова боја која се задржала цели три дена.

dobivaj vesti na viber

Сфаќајќи дека изгледа како популарниот анимиран лик Пинк Пантер и дека никому не може да каже дека „изгорела“ во солариум или на скијање, Аби Шентон на компанијата „Lush“ ѝ испратила гневен твит со содржина „Здраво @lushcosmetics. Кусо прашање: дали е вообичаено кожата по користење на некои ваши производи да остане со интензивно розова боја?“.

Наскоро добила одговор дека треба да се јави во претставништвото на компанијата каде што ќе ѝ помогнат, пренесуваат во петокот британските медиуми.

Се покажало дека Аби немала причина да се лути на производителот. Имено, наместо плочката тврдо масло за капење која се продава под називот „Рazzle Dazzle“ и содржи апсолут од лист на темјанушка, да ја раствори во када со топла вода, таа ја употребила како сапун, триејќи си го и лицето.

Била подучена дека на упатството за употреба пишува: „Едноставно уфлрете ја маслената купка во када полна со топла вода и уживајте во хидратантната релаксирачка купка“.

По тридневно секојдневно туширање и измивање на кожата со сок од лимон и маслиново масло, бојата исчезнала а Аби јавно се извини, порачувајќи дека останува обожавателка на производите на компанијата, како и дека во иднина нема да ја повтори истата грешка./крај/мф/сн

Извор: The Daily Mail‎



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

31-годишен скопјанец почина по пукање на Бит Пазар

31-годишен маж од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево на Бит Пазар. „Во врска со пукањето на Бит...

Македонија5 часа

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ во Кочани се предвидува да почне од почетокот на мај. Од Обвинителството појаснија...

Македонија7 часа

Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било, рече Муцунски

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека Владата се стреми кон компромис, кој ќе биде рационален за да се...

Економија8 часа

Итно зголемување на платите, во спротивно ќе останеме без кадар, порача Пешевски

Според потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија за приватниот сектор, Иван Пешевски, приватниот сектор во Македонија е главен двигател...

Македонија8 часа

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на антикорупциската комисија, која споделувала службени тајни на „Вибер“

На претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, одземен ѝ e пасошот откога Кривичниот суд го прифати предлогот за определување мерки за...

Македонија9 часа

Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и за туѓа нега

На деветмина осомничени од уапсените 23 во акцијата за туѓата нега судот им одреди мерка притвор од 30 дена. Едно...

Македонија11 часа

Судот го одобри обвинението за возачот што ја прегази Фросина

Судот го одобри обвинението за возачот Васил Јованов, која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот Партизански одреди....

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тошковски не скри нешто, не рече дека законот не важи за татко му

Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски бидејќи законот важи за сите. Левицата да одговори како, освен сутерен во строгиот...

Македонија13 часа

ДУИ до Мицкоски: Ако целта е уривање на Охридскиот договор, која е алтернативата

Премиерот Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, постапува на начин кој ги поткопува стандардите и одговорноста што се очекуваат...

Свет13 часа

Рубио: Ова не е наша војна, ние не ја почнавме

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека „сите треба да му се заблагодарат“ на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните...

Македонија13 часа

Левицата: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

Додека се обидува да изгради слика дека го руши корумпираниот систем, фактите кои се обзнануваат во јавност укажуваат како и...

Свет14 часа

Лавров: Спремни сме да се договориме со САД за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Кремљ е подготвен да постигне договор со САД за Украина, но...

Свет15 часа

Руте: Русија е долгорочна закана за алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека членовите се согласуваат дека...

Спорт22 часа

(Видео) Ѓоковиќ ги загуби нервите: Да ти е..м тенисот

Новак Ѓоковиќ целосно ги загуби нервите на официјалниот тренинг во Мадрид. Додека во главниот град на Шпанија се одржуваа натпреварите...

Македонија1 ден

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“: меѓу нив и претседателката на Антикорупциска

Во рамките на постапката што се води за предметот Адитив, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка,...

Македонија1 ден

Образ ѓон, се уште седат и земаат илјадници евра плата: Мицкоски за членовите на Судскиот совет

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна...

Македонија1 ден

Измами во давањето туѓа нега и инвалидски пензии, под истрага 49 лица, вмешани и лекари

Сузбиени две криминални групи, кои вршеле злоупотреби на постапката за стекнување право за туѓа нега и право на инвалидски пензии,...

Македонија1 ден

Битола, Струга, Чаир се меѓу општините кои не аплицирале за проекти, рокот истекува за помалку од една недела

Седумнаесет општини воопшто не аплицирале за инфраструктурни општински проекти, за што Владата доделува средства од унгарскиот кредит. Во оваа група...

Македонија1 ден

(Видео) Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое...

Македонија1 ден

Таравари го поддржа апсењето лекари: Директорот на Геријатрија првин го разрешив, а потоа го исклучив од партијата, сите што грешат нека одговараат

Сите што грешеле, вклучително и лекарите, треба да одговараат, смета министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашната полициска акција, која...