Контакт

Скопје

Општина Илинден градежен рај или запуштена населба?

Објавено пред

Во Општина Илинден, во четрток беше пуштен во употреба  пат, а беа поставеи и камен-темелници на фирми, по повод денот на општината 2-ри Август – Илинден, но од друга страна, пак, опозициската СДСМ обвини дека во населеното место нема канализација, септичките јами се потенцијална зараза, училиштето е со азбестен покрив…

dobivaj vesti na viber

Во последните неколку години, општината како да доживеа невиден подем, беа определени повеќе парцели за градење индивидуални куќи, планирани со придружни објекти, како трговски центри, градинки, училишта, и друго, а беше отворена и индустриска зона, но сепак, се чини дека основните прашања, како постоење амбуланта, соодветна инфраструктура и друго, да не се решени.Во четврток, беше  пуштен во употреба комплетно реновираниот локален пат Илинден – Марино од улицата „8” и дел од улицата „500”, во вкупна должина од 2.100 метри. Од општината информираа дека покрај новиот асфалт на оваа делница од патот изведена е атмосферска канализација за прифаќање и одведување на атмосферските води, ископани се нови канали и поставени цевкасти пропусти, а поставена е и хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.Вкупната вредност на овој проект е 22 милиони денари од кои 14,5 милиони денари се од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а 7,5 милиони денари се средства од буџетот на Општина Илинден.Во рамките на реализацијата на овој проект извршена е и санација на мостот што ја поврзува улица „8” со автопатот Скопје-Куманово и локалните економски зони.На пуштањето во употреба покрај градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој ја искористи можноста за средби со граѓаните.Сепак, од опозициската СДСМ велат дека Никола Груевски прво што треба да им одговори на граѓаните на Општина Илинден е каде е бомбастично најавуваната Пречистителна станица, на којашто од 2.500 куќи во селото, приклучени се само 90.Централното подрачје во општина Илинден се уште нема канализација, а септичките јами се вистинска темпирана “бомба“ за можни зарази, додаваат од партијата.Во рамките на одбележувањето патрониот празник „Илинден 2-ри Август“ во Општина Илинден се поставија четири нови камен темелници, четири нови инвестиции во вредност од 17 милиони евра, кои, според инвеститорите,  ќе овозможат отворање на нови 230 слободни работни места. Во локалната економска зона „Стопански компекс Илинден“ почнаа да се градат два нови стопански објекта. Компанијата „Г.Р.А.Д. Екологија“ како странска директна инвестиција од Германија почна со изградба на објект – Постројка за производство на дизел гориво добиено преку каталитичка деполимеризација, односно трансформација на отпадот. Според најавите на инвеститорот вкупната инвестиција ќе изнесува 12 милиони евра, со овозможување на 40 нови вработувања.За време на поставувањето на камен темелникот градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски рече дека во Општина Илинден во локалните економски зони има 181 инвестиција, од кои 32 се странски директни инвестиции.Во истата локална економска зона е поставен камен темелник на транспортно-логистички центар со шпедиција и администрација на домашната компанија „ЈЦС бард логистик“. Вкупната инвестиција, според инвеститорот, изнесува 2 милиони евра со што ќе се овозможи отворање на 150 нови слободни работни места.Во локалната економска зона Марино-Кадино компанијата „Два брата градители“ почна со изградба на објект за пакување на плочки со административно деловен и изложбен простор. Вкупна инвестиција, како што велат во оваа компанија, ќе изнесува 2 милиони евра, што ќе овозможи 20 нови вработувања.Во оваа локална економска зона е поставен и камен темелник на  административно деловен и магацински простор на домашната компанија „Велмар“. Вкупна инвестиција, според најавите на инвеститорот, ќе изнесува 1 милиони евра со што ќе се овозможи отворање на 20 нови слободни работни места, информираат од општината.Но, од опозициската СДСМ прашуваат зошто на Груевски му е поважен раскош и луксуз за Скопје 2014 тежок над 27 милиони евра само за оваа година, а во населба Илинден во 21-от век се уште нема амбуланта?„Зошто за Груевски е поважно 27 милиони евра да се употребат за камен, за фасади,  наместо да се реновираат руинираните училишта во општината и да изградат нови, за децата да не учат во две смени?! Покривот во основното училиште во Илинден е со азбест!  Поради сите овие состојби луѓето кои живеат во Илинден се жалат на масовни иселувања од општината“, додаваат од СДСМ./крај/мф/бб

Македонија

Утре без вода делови од Кисела Вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии

Објавено пред

Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Центар денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:

dobivaj vesti na viber

· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија4 часа

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија5 часа

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија6 часа

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија7 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија7 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет8 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија8 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет10 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет10 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион10 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет10 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа10 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет11 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија23 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија1 ден

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија1 ден

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија1 ден

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија1 ден

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...