Регион
Вучиќ и Путин договориле снабдување на Србија со гас и исплата на долговите
Србија и Русија ги договориле испораките на рускиот природен гас и моделите за исплаќање на досегашните долгови, соопшти во четвртокот канцеларијата на владата за односи со јавноста во Белград по телефонскиот разговор од средата доцна ноќта меѓу српскиот премиер Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин.
Србија и Русија ги договориле испораките на рускиот природен гас и моделите за исплаќање на досегашните долгови, соопшти во четвртокот канцеларијата на владата за односи со јавноста во Белград по телефонскиот разговор од средата доцна ноќта меѓу српскиот премиер Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин.
„Вучиќ и Путин се договорија за начинот на соработката за сите прашања во врска со испораките на руски гас за Србија и моделот за исплата на долговите“, се наведува во соопштението на српската влада.
Разговорот, за кој се наведува дека се одржал по иницијатива на српската страна, следува по посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Белград на 16-ти октомври, по кој белградските медиуми најавија дека Русија ќе ги намали испораките на својот гас за Србија за третина од количеството поради долгот од 200 милион американски долари.
По синоќешниот телефонски разговор со српскиот премиер Александар Вучиќ, како што се истакнува во соопштението, Путин „ја прифатил молбата на Вучиќ за поповолен начин за снабдување со гас на трите големи српски хемиски компании“.
Телефонскиот разговор меѓу Путин и Вачиќ го потврди и Кремљ, ненаведувајќи поконкретни детали освен дека разговорот се водел на српската страна и дека Путин со „претседателот на српската влада го разгледал текот на реализацијата на договорите постигнати во рамките на посетата на претседателот на Русија на Србија во 16-ти октомври“.
Кон крајот на октомври белградските медиуми ја отворија темата за испораките на руски гас и долговите на Србија за досегашните испораки, а дека постои долг од 200 милиони долари индиректно потврди и потпретседателката на српската влада и донеаодамнешна министерка за енергетика Зорана Михајловиќ. Според медиумите, Русија вила подготвена да ги намали испораките на гас за Србија, за околу третина, на околу 28 отсто, бидејќи Путин бил „незадоволен од односот на Белград кон исплаќањето на досегашните долгови“ за гасот.
Белградскиот весник Данас пишуваше дека рускиот претседател ја донел таа одлука незадоволен од исходот на неговата посета на Белград, бидејќи наводно српскиот премиер одвил да го потпише протоколот со кој се регулира враќањето на долгот за рускиот гас според којшто Србија до март 2015 година би требала да плати 200 милиони долари.
Од неколку изјави на српски функционери можеше да се заклучи дека Србија има можност да врати половина од тој долг“ „Со Русија имаме партнерски односи. Нашиот вкупен долг изнесува 200 милиони долари. Подготвени сме да вратиме 100 милиони брзо, но мораме да работиме како партнери и да разговараме секојдневно“, изјави Зорана Михајловиќ.
Весникот Данас наведе и дека Вучиќ одбил да потпише исплата на долгот на Србија до март бидејќи смета дека тоа барање на Путин е неумесно“ имајќи предвид дека „Русија преку Нафтената индустрија Србија (НИС) многу профилира на Србија“.
Резервите во складиштето на гас во Банатски Двор во Војводина, ви случај на криза во снабдувањето, се доволни за околу три месеца снабдувањето на домаќинствата, гасните котларници и прехранбената индустрија, но со тие количества не може да се смета за целиот зимски период, а особено не и за снабдувањето на големите индустриски потрошувачи.
Во Србија просечната дневна потрошувачка на гасот, без стопанството, е од 10 до 13 милиони кубни метри,а од складиштата во Банатски Двор може дневно да се повлечат 4,5 милиони кубни метри гас./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Регион
По Црна Гора, слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.18 часот ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета.