Црна хроника
Кривична пријава за двајца скопјани за детска проституција
Двајца браќа од Скопје во периодот од јуни до октомври годинава,врбувале три девојчиња од Скопје на возраст од 14 до 16 години и против нивна волја ги држеле заклучени во куќа на нивни вујко во населбата Шуто Оризари, каде им носеле клиенти за сексуални услуги, за што пријавените наплаќале од 300 до 2.000 денари.
Единицата за насилен криминал при Секретаријатот за внатрешни работи Скопје изминатиов викенд со две кривични пријави до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ги предаде 18-годишниот и три години повозрасниот негов брат, со исти иницијали А.Р, поради основано сомневање дека сториле кривично дело „детска проституција“. За стореното кривично дело, судија на претходна постапка на двајцата пријавени им изрече мерка притвор од по 30 денови. За ова дело им се закануваат затворски казни од 10 години.
Според сознанијата на полицијата, во зависност од желбите на клиентите, девојчињата во придружба на браќата биле носени и во мотели каде давале сексуални услуги на повеќе клиенти во една ноќ, по што ги враќале во куќата во Шуто Оризари каде ги држеле затворени. За да се знае дека девојчињата работат за нив, пријавените присилно им ги истетовирале нивните имиња на рацете, а кога ќе одбиеле да даваат сексуални услуги, биле грубо физички и психички малтретирани.
На 10-ти октомври, две од девојчињата успеале да искористат прилика и да избегаат од куќата, по што случајот го пријавиле во полициска станица, а по консултација со обвинителството, од страна на полициски службеници од СВР Скопје е влезено во куќата каде биле чувани девојчината, при што е затекнато третото девојче. Двајцата сторители од страна на Единицата за прв одговор и интервенција „АЛФА“ се пронајдени и уапсени.
Пријавените покрај тоа што се регистрирани нарушители на јавен ред и мир, имено против нив се поднесени 13 прекршочни пријави за нарушен ЈРМ со физички напад и тепачка, во периодот од 2011 до 2014 против нив се поднесени вкупно 21 кривична пријава за дела проследени со насилство, крвни и имотни деликти./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Топ
Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка
Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка.
Според информациите од МВР, денеска во Полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.С.(39) од Богданци.
На 11.01.2026 околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата.
Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.
На 12.01.2026 година во 07:05 часот во Полициската канцеларија Богданци П.С. сам го пријавил делото. Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија.
По наредба на обвинител телото на починатата е предадено на обдукција, а против сторителот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

