Спорт
Watt не е What! Судијата го повлече бизарниот црвен картон
Англиските ниски лиги повторно носат бизарни ситуации. Поранешниот играч на Арсенал, Санчез Ват (Watt) доби црвен картон во мечот меѓу шестолигашите Хемел Хемпстед таун и Ист Тарок јунајтед, само поради своето презиме.
Судијата Дин Халм реши да му даде…

Англиските ниски лиги повторно носат бизарни ситуации. Поранешниот играч на Арсенал, Санчез Ват (Watt), доби црвен картон во мечот меѓу шестолигашите Хемел Хемпстед таун и Ист Тарок јунајтед, само поради своето презиме.
Судијата Дин Халм реши да му даде жолт картон на Ват, по што тој му го кажал своето име да го запише на картонот, а судијата помислил дека тој се потсмева со неговата одлука прашувајќи го зошто (what?). Судијата веднаш потоа го повлече црвениот картон.
„Тоа беше човечка грешка. Судијата беше доволно чесен да ја поправи. Потоа сите сфативме колку е смешна ситуацијата. Тој дојде во соблекувалната и ни се извини, иако ја забележа и смешната страна“, вели претседателот на Хемел Хемпстед, Дејв Бигинс за Би-би-си.
Хемел Хемпстед на крајот победи со 2:0. Ват одигра три натпревари за Арсенал во Лига купот како 18-годишник и постигна еден гол (против Вест Бром во 2009 година). По ова, тој играше за второлигашот Лидс јунајтед и Шефилд венсдеј.
Ex Arsenal player Sanchez Watt was shown a red card for dissent after the ref asked for his name – he repeatedly replied correctly “Watt. Watt. Watt.” which the ref interpreted as “What? What? What?”. The Red Card was then rescinded after the situation was explained ??? pic.twitter.com/MsAqRsry3j
— Urban Arsenal (@ArsenalUrban) March 7, 2018
Stop playing with my name I ain’t gon say it no mo’ ?… #PutSomeRespekOnMyName All ? of yall ? #Watt pic.twitter.com/nX0mRO971X
— Sanchez Watt ? (@sanchezwatt) March 7, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

