Спорт
Мекларенот не престанува да се расипува, но во тимот велат нема криза
Во Мекларен инсистираат дека нема причина за аларм и покрај тоа што тимот продолжува со големите проблеми во текот на зимското тестирање.
И покрај трансферот на мотори на Рено по три проблематични години во Хонда, МЦЛ33 болидот трипати откажа во првиот…

Во Мекларен инсистираат дека нема причина за аларм и покрај тоа што тимот продолжува со големите проблеми во текот на зимското тестирање.
И покрај трансферот на мотори на Рено по три проблематични години во Хонда, болидот МЦЛ33 трипати откажа во првиот ден на вториот зимски тест во Барселона. Вториот ден, иако започна добро и Фернандо Алонсо имаше 47 круга (две третини од трка), попладнето болидот повторно откажа.
WATCH: It’s not been a good morning for McLaren with another breakdown #SkyF1 #F1 #F1Testing https://t.co/b3qcRtpmA2 pic.twitter.com/waj6EyX3h8
— Sky Sports F1 ? (@SkySportsF1) March 7, 2018
„Не се работи за проблем со моторот, туку за истекување масло. За жал, ова предизвика откажување на моторот и моравме да го смениме. Но, ова е само тестирање. Имаме мали проблеми и тоа е дел од тестирањето. Новото партнерство со Рено функционира добро и само бараме малку повеќе време“, вели шефот на тимот, Ерик Булие.
Пред тестот во Барселона 20-кратните шампиони во Ф1 имаа цел да поставуваат по 100 круга дневно во текот на тестирањето, но по неполни шест дена (од вкупно осум), целта беше остварена само еден ден. Претседателот на клубот, Зек Браун, вели дека нема причини за загриженост.
„Ова се нормални проблеми. Сите работи што ги доживеавме се во основна минорни и се решени на тестирањето. Секако, би сакале повеќе кругови, но засега не сме загрижени“, вели Браун.

ЗИМСКИТЕ МАКИ НА МЕКЛАРЕН
1. ден – Алонсо се изврте во првиот час од тестирањето поради слабо зацврстена навртка на гумата. Тимот комплетира 51 круг.
2. ден – Фандорне имаше само 37 круга кога поради скршениот ауспух, прегорува електрониката на болидот.
3. ден – Мекларен, како и повеќето други тимови, го поминуваат денот во гаражата поради снегот во Барселона.
4. ден – Продуктивен ден за тимот – Фандорне и Алонсо имаат комбинирани 161 круг.
5. ден – По проблем во боксот, МЦЛ33 откажува на патеката поради проблем со акумулаторот. По тричасовна пауза, Мекларен се враќа во акција, но во текот на попладнето повторно откажува поради проблеми со хидрауликата.
6. ден – Мекларенот застанува во седмата кривина поради истекување масло, што го прегорува моторот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

