Спорт
Пари Сен-Жермен загубија, но нивните ултраси се вистински шампиони (видео+галерија)
Пари Сен-Жермен не успеа да ја мине пречката наречена Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако по 3:1 поразот во Мадрид и дома загубија со 2:1, меѓутоа затоа ги имаат можеби најдобрите навивачи во Европа.
ЦУП или на француски „Coll…

Пари Сен-Жермен не успеа да ја мине пречката наречена Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако по 3:1 поразот во Мадрид и дома загубија со 2:1, меѓутоа затоа ги имаат можеби најдобрите навивачи во Европа.
ЦУП или на француски „Collectif Ultras Paris“, се обидоа да направат сè да помогнат на својот тим, вклучувајќи и пред хотелот во кој беа играчите на Реал пред мечот (пред полицијата да ги избрка), пред да создадат фантастична атмосфера на „Паркот на принцовите“.
À 1h30 du matin, un groupe d’ultras parisiens est venu réveiller les joueurs madrilènes devant leur hôtel ! #PSG #PSGReal pic.twitter.com/rZqS354wVa
— PSG Society (@PSGsociety) March 6, 2018
ПСЖ сигурно ќе биде казнет за користењето на пиротехнички средства од страна на ЦУП, групата која во 2013 година ги исфрли од стадионите, пред да ги врати по политичкиот притисок во 2016 година.
Насер Ал Хелаифи потроши стотина милиони евра на засилувањето на својот тим кои не донесоа инстант-титула од Лигата на шампионите, но барем кај навивачите, ПСЖ е сигурно меѓу врвните во Европа.
Фото: ЕПА

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лазаров го објави списокот за ЕП
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари за престојното Европско првенство во Данска.
Лазаров, првиот собир го закажа за 22.декември (понеделник) со почеток во 13:30 часот во хотел Александар Палас.
На спиското нема изненадувања, на континеталниот шампионат Македонија ќе настапи со најдобрите.
Македонија на ЕП, во првата фаза ќе игра против Данска, Португалија и Романија.
Список на повикани ракометари:

Foto/ EPA
Спорт
ПСЖ победи во сите пенал серии од доаѓањето на Луис Енрике
Откако Луис Енрике дојде на клупата на Пари Сен Жермен, „Светците“, четири пати беа на пенал рулетот и сите четири пати излегоа како победници.
Тие го одржаа својот 100% учинок во пенал-серијата во среда, со победата во финалето на Интерконтиненталниот куп против Фламенго, благодарение на Матвеј Сафонов.
Рускиот голман го воодушеви светот – одбрани четири од пет обиди на играчите на Фламенго.
Така се здоби со етикетата херој на натпреварот, се потруди да го одржи ПСЖ недопирлив кога станува збор за оваа фаза од играта. Претходно, под водство на Енрике, ПСЖ излезе како победник уште три пати по серија пенали.
Првиот пат беше во раната фаза од Купот на Франција против Ленс (1:1, 4:3), вториот пат беше против Ливерпул во Лигата на шампионите кога Џанлуиџи Донарума блескаше (не толку колку Сафонов) за победа на ПСЖ (4:1 на пенали, по нерешено 1:1 во два натпревари).
Третото изведување пенали на Парижаните во оваа серија го одбележа актуелниот прв чувар на мрежата, Лукас Шевалие, во натпреварот за трофејот од Европскиот Суперкуп против Тотенхем на почетокот. Актуелниот европски првак пенал рулетот го доби со 4:3, откако претходно натпреварот заврши 2:2.
Тешко е да се каже дали Енрике е одговорен за оваа серија, бидејќи голманите и фудбалерите се тие кои директно го создаваат резултатот, но неоспорен факт е дека до доаѓањето на шпанскиот тренер, ПСЖ во седум пенал серии доживеа пет пораази.
Foto/ depositphotos
Спорт
Левандовски го одјави Интер Мајами
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски не сака да ја продолжи кариерата во Интер Мајами, објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо. Левандовски е договорно обврзан со Барселона до крајот на оваа сезона и ќе одлучи за својата иднина откако ќе истече договорот. Романо додава дека, исто како и Левандовски, германскиот напаѓач Тимо Вернер нема да се приклучи на Интер Мајами.
Полјакот има 37 години, а оваа сезона постигна осум гола во 17 настапи и асистираше двапати.
Ова му е четврта сезона во Барселона, за која досега играше многу добро. Има 164 настапи и постигна 109 гола. Пред да пристигне во Барселона, Левандовски играше за Баерн, за кој постигна 344 гола, и за Борусија Дортмунд, за која постигна 103 гола.
Интер Мајами е клубот на Лионел Меси (38). Сопственикот Дејвид Бекам успеа да го убеди Меси да дојде во Флорида пред две години, и оттогаш полека се гради тим од пријателите на Меси. Следната сезона таму ќе бидат Родриго де Пол и Луис Суарез, додека Серхио Бускетс и Џорди Алба ги завршија кариерите.
Интер Мајами ги освои своите единствени трофеи во оваа ера на Меси. Тоа се МЛС Купот и Купот на Американската лига. Меси беше прогласен за МВП на МЛС две сезони по ред.
Foto/ depositphotos

