Европа
ЕУ ги продолжува санкциите за Русија, Грција против нови мерки
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија ги продолжија во четвртокот на вонредната средба во Брисел досегашните санкции против Русија за уште шест месеци, наместо најавеното воведување нови казнени мерки, и побараа проширување на личностите кои се под санкции, а Грција најави дека би можела да се спротистави на новите мерки.
Постојните санкции за Русија и лицата кои ги водат бунтовниците во Украина остануваат на сила до септември, а Европската комисија и европската дипломатска служба имаат десет дена да ги подготват предлозите за проширување на листата коишто се сметаат да за одговорни за ескалацијата на конфликтот во источна Украина.
Според германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер, одлучено е листата со санкционирани физички лица да биде проширена со припадници на силите на одметнатите рускојазични самопрогласени ткн народни републики во Донецк и во Луганск, кои не ги признаваат прозападните власти во Киев.
Во заклучоците на Советот за надворешни работи се осудува „неселективното гранатирање на станбени зони, особено на Мариупол и ескалација на борбите во областите на Донецк и Луганс“. „Советот е шокиран од бројот на жртвите“, се додава во заклучоците на министрите. Се додава дека „ги примиле на знаење доказите за континуираната и се’ поголема поддршка на Русија на бунтовниците во источна Украина“, што Москва упорно го негира и бара да бидат објавени доказите за таквите тврдења.
„Советот очекува од Русија да го искористи своето влијание и да ги наговори бунтовниците без одложување да ги сопрат нападите и во целост да ги исполнат обврските преземени со договорот од Минск“, се наведува во заклучоците.
Според шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, ситуацијата во Украина и прашањето за новите можни санкции на Европската унија против Русија поради нејзината наводна улога во соседната држава, ќе биде дискутирано на 12-ти февруари на самитот на шефовите на држави и влади, објави Унијата.
„Советот на ЕУ (шефовите на дипломатиите) ги подржува сите дипломатски напори за решавање на конфликтот во Украина, вклучително оние кои се направени во последен момент“, додала Могерини.
Могерини, исто така, додала дека министрите за надворешни работи на 28-те земји членки на ЕУ на итната средба не ја разгледувале одлуката на украинската Врховна Рада (парламентот) да ја прогласи Русија за „држава агресор“.
Шефицата на европската дипломатија, покрај тоа, рекла дека позицијата на Грција во однос на одлуката на министрите за надворешни работи „била конструктивна“, се наведува на ресурсите на ЕУ.
За хрватската новинска агенција Hina, хрватската министерка за надворешни и европски работи Весна Пусиќ била поконкретна и рекла дека заклучоците „се донесени со консензус, што значи дека зад нив беше и Грција“.
Од друга страна новиот грчки министер за надворешни работи, Никос Коциас, изјави за медиумите по завршувањето на состанокот дека неговата земја „се согласила со продолжување на постојните санкции, но дека не се откажува од правото на вето при носење на одлуките за натамошните санкции“ и додаде дека бил направен обид врз Русија да се стави директната одговорност за ситуацијата во Украина, пренесе каналот на ЕУ.
Според Никос Коциас, Грција побарала од заклучоците да биде отстранет делот за воведување нови санкции. „Доколку ги споредите двата текста, ќе увидете дека постои разлика“, рече новиот шеф на грчката дипломатија, „Во текстот нема збор за директната одговорност на Русија. Имаше предлог за воведување нови санкции против Русија. Повеќе министри зборуваа два, три, па и четири пати. Реченицата, во којашто беа вклучени новите санкции против Русија, исчезна, Ние објаснивме дека санкциите не носат резултати“, додаде.
Според Коциас, санкциите против Иран, Ирак, Куба и сега Русија не даваат резултати. „Грчката делегација изјави дека или таа фраза ќе биде отстранета, или не можеме да ја продолжиме работата. На крајот усогласивме коминике, кое не зборува за воведување нови санкции против Русија. Тоа што тоа го дава е продолжување на претходно донесените санкции кои истекуваат во март“, рече Коциас.
„Два часа битка“, така грчкиот министер ја оцени дискусијата на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ.
Коциас истакна дека ЕУ треба да започне дијалог со Русија, а не да воведува нови санкции против неа. Повтори дека санкциите никогаш немале успех и како пример ја наведе Куба, и рече дека Могерини денес го поканува кубанскиот шеф на дипломатијата да го посети Брисел.
Рече и дека санкциите создале економски проблеми за Грција. Одговарајќи на прашањата на новинарите, Коциас кажа дека неговиот став не се заснова на идеолошките позиции, имено тој доаѓа од коалицијата на грчката радикална левица Сириза, којашто убедливо победи на неделните парламентарни избори. „како Грк, јас ги штитам интересите на Грција и на Европскиот сојуз“, рече.
„Ние сме против тоа санкциите да се воведат сега“, појасни Коциас. „Зошто некои сметаат дека Грција ќе биде подобра земја доколку прифаќа се’?“, запраша. Пред новинарите рече дека европските правила мора да се почитуваат, што не било сторено претходно при подготовката на нацрт-заклучоците, алудирајќи на забелешките на Атина дека не била консултирана .
Петходно во четвртокот, новиот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, ги отфрли тврдењата дека пораките кои доаѓаат од Атина во врска со соопштението на Европската унија во кое се содржат закани за можно воведување нови санкции против Русија, односно за соопштението од Брисел дека министрите за надворешни работи едногласно се изјасниле за воведување нови санкции за Москва, а притоа неговиот коле Коциас и Грција воопшто не биле консултирани.
„Мојата работа е да преговарам и да ги штитам интересите на Грција и на Европската унија“, повтори на крајот Коциас./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Снег, дождови и силни ветрови предизвикуваат проблеми низ Европа
И денеска во Европа различни екстремни временски услови создаваат големи проблеми: снег и откажани летови во Холандија, забрана за товарен сообраќај во североисточна Франција, отежнат сообраќај на траектите во Грција и жолто предупредување во Велика Британија за снег, обилни дождови и силни ветрови.
Холандија
Невремето денеска предизвикува откажување и одложување на летови на аеродромот Шипхол во Амстердам – четири летови се откажани, а четири се одложени. Железничкиот сообраќај исто така е погоден: пријавени се задоцнувања на повеќе линии, додека сообраќајот меѓу Мастрихт и Лиеж е запрен до утре вечер. Снежните врнежи се очекуваат прво во северните, централните и источните покраини, а потоа постепено ќе преминат во дожд.
Франција
Околу 700 возачи на камиони се заглавени на автопатот А36 на североистокот и на RN57 во департманот Дуб и Жира, поради снежните врнежи кои го погодија источниот дел од земјата. Патиштата се затворени за возила над 3,5 тони до утре. Минатата ноќ работеле само машини за чистење снег, а Црвениот крст им доставил храна за возачите на камиони.
Грција
Траектите денеска постепено продолжуваат со сообраќај, откако ветровите попуштиле. Повеќето линии започнале нормално да пловат од раното утро, особено од пристаништето Пиреј. Сепак, властите предупредуваат дека рути можат да бидат откажани поради брзо менливите временски услови. Снежни врнежи се очекуваат во северните и планинските области, а се прогнозира и нагло намалување на температурата.
Велика Британија
Во многу делови на земјата е во сила жолто предупредување за снег, силни ветрови, мраз, обилни врнежи и поплави. Ова се однесува на централна и североисточна Шкотска, од северно од Глазгов до Абердин, и е во сила до 14:00 часот денеска. Метеоролозите најавуваат можни силни дождови, силни ветрови и снег, но со благо зголемување на температурите.
Германија
По неколкудневната зимска бура „Ели“, ситуацијата денеска се подобрува. Метеоролошката служба ги укина претходните предупредувања за обилни врнежи. Снежните врнежи до вчера предизвикуваа откажување на возови, пролизгување на автомобили и опасен мраз на патиштата.
Европа
Студ, снег и мраз ја погодија Европа: 34.000 домаќинства без струја во Британија, Франција под портокалов метео-аларм
Метеоролозите предупредуваат дека Велика Британија треба да се подготви за нов бран студено време, снег и мраз за време на викендот, по силната бура „Горети“ што ја зафати земјата.
За поголемиот дел од Британија е издаден жолт метео-аларм за снег и мраз.
Бурата „Горети“ во петокот донесе обилни врнежи од дожд и снег, како и силни ветрови низ голем дел од земјата, поради што десетици илјади домаќинства останаа без електрична енергија. Според податоците на Националната електрична мрежа, околу 34.000 домаќинства на југозападот на земјата биле без струја околу 22 часот синоќа.
Силниот ветер соборувал дрвја, а дел од воздушниот сообраќај бил сериозно нарушен. Авиокомпанијата „Бритиш ервејз“ откажа околу 50 летови – 25 поаѓања и 27 слетувања на аеродромот „Хитроу“ во Лондон. Аеродромот во Бирмингем делумно ја затвори пистата и ги повика патниците да го проверат статусот на своите летови.
Поради лошите временски услови, затворени беа и бројни училишта – повеќе од 250 во Шкотска, над 150 во регионите Абердиншир, Мидлендс и Велс, како и во Северна Ирска.
Лошото време ја погоди и Франција. Националната метеоролошка служба „Метео Франс“ утрово стави шест департмани под портокалов метео-аларм поради снег и голомразица. Се најавуваат снежни врнежи од пет до 10 сантиметри, а возачите се предупредени на опасни и лизгави патишта.
Според француските власти, станува збор за изразен снежен бран кој може да предизвика сериозни проблеми во сообраќајот, особено во североисточниот дел од земјата. Температури под нулата, снег и силни налети на ветер беа причина за прогласување зголемена состојба на подготвеност.
Снежниот бран пристигнува од правец на Германија и земјите од Бенелукс, во зона погодена од остатоците на бурата „Горети“. Снегот ќе паѓа и на пониски надморски височини, од 200 до 300 метри.
Се очекува снежната покривка да достигне од седум до 10 сантиметри на височини од 300 до 400 метри, од 10 до 20 сантиметри меѓу 400 и 500 метри, додека во повисоките планински предели локално може да достигне и до 40 сантиметри.
Властите упатија апел до возачите на максимална внимателност, бидејќи во текот на ноќта од сабота кон недела се очекува дополнително опаѓање на температурите и зголемен ризик од создавање мраз на коловозите.
Европа
Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%
Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека закупот на живеалишта се зголемил за 21,1%, покажуваат податоците на Евростат.
Додека кириите бележат стабилен раст без поголеми турбуленции, цените на становите имале осцилации, со периоди на застој и фази на екстремно брз раст.
Унгарија рекордер по поскапување
Кога се набљудуваат поединечни земји, Унгарија е апсолутен рекордер по поскапување, со раст на цените на становите од 2015 година од дури 275%.
Покрај Унгарија, цените се повеќе од удвоени во уште 11 земји, а на врвот на листата се Португалија, Литванија и Бугарија, каде порастот надминал 150%.
Единствена земја со поевтини станови
Финска е единствената земја каде цените на недвижностите денес се пониски отколку пред десет години, со благо намалување од 2%.
Во наведениот период, зголемување на станарините е забележано во сите членки на ЕУ, а најтешка е ситуацијата во Унгарија, каде кириите се зголемени за 107%, односно повеќе од удвоени.
Висок раст на трошоците за домување е забележан и во Литванија, Словенија, Полска и Ирска, каде станарите се соочуваат со поскапувања од над 70%, објави Евростат.

